Select Page

{loadposition aek_kalkulator_opis}

{autotoc enabled=yes}

 
      ВЕБ АПЛИКАЦИЈА
      АЕК КАЛКУЛАТОР

 

 

 

КАЛКУЛАТОР ЗА ОРИЕНТАЦИСКА ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИ ЗА МОБИЛНА И ФИКСНА ТЕЛЕФОНИЈА

Мобилната апликација АЕК Калкулатор и веб апликација Веб Калкулатор поставена на www.komuniciraj.mk имаат за цел да им овозможат на корисниците приближна (ориентациска) пресметка на цена за месечно користење на услугите за фиксна и мобилна телефонија од тековната понуда на пазарот за електронски комуникации во РМ.
Ориентациска пресметка се базира на користење на методологија за ориентациска пресметка за услугите на мобилна и фиксна телефонија.
Резултатите од пресметката се исклучиво за информативно користење од страна на корисниците. Ориентациската пресметка не претставува замена за деталната сметка што корисникот може да ја добие од операторот чии услуги ги користи. Ориентациската пресметка од мобилната или од веб апликацијата не претставува основа за поднесување на Приговор од краен корисник до Агенцијата. Корисниците се охрабруваат да се информираат кај операторот чии услуги користат во врска со цените на услугите и за трошоците за нивно користење.

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА

Методологијата нема за цел да даде точна пресметка за цените на услугите за мобилна и фиксна телефонија што ги користат граѓаните на РМ и не е замена за детална сметка.
Методологијата за пресметка се базира исклучиво на користење на информации што Операторите ги доставуваат до Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот текст Агенција), согласно Упатството за обезбедување на информации кои ќе ги објавува агенцијата за електронски комуникации за да им овозможи на корисниците да направат избор на комуникациските услуги врз основа на квалитетот и цените на услугите. Методологијата предлага самостоен избор на влезни параметри за користење на мобилна и фиксна телефонија во Република Македонија што се користат за ориентациска пресметка на цена на овие услуги. Методологијата се базира на користење на влезни параметри за месечно користење на мобилна и фиксна телефонија. Детални информации за методологијата ќе најдете на www.komuniciraj.mk.
Мобилната апликација АЕК Калкулатор овозможува пристап до услугата Преглед на понуди преку мобилен телефон што инаку е достапна преку www.komuniciraj.mk.
Мобилната апликација АЕК Калкулатор побарува активна интернет конекција и користи заштитен веб сервис на Агенцијата.
Мобилната апликација не врши размена, пренос, запишување и/или испраќање на лични податоци од мобилниот телефон на корисникот.
Детално упатство за користење на мобилната апликација АЕК Калкулатор и веб апликацијата Веб Калкулатор ќе најдете на www.komuniciraj.mk.
За сите прашања во врска со мобилната апликација АЕК Калкулатор kонтактирајте не на следната адреса за електронска пошта: mobile.apps@aec.mk.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Користењето на веб апликацијата и/или на мобилната апликација АЕК Именик е исклучиво од информативен карактер. Агенцијата не сноси одговорност за било каква штета настаната кај корисниците со користењето на овие информации. Ова исклучување од одговорност на Агенцијата се однесува на содржината, авторските права и политиката на приватност на надворешните интернет страни кои ги пренасочиле корисниците до оваа веб-страна и/или мобилна или веб апликација, како и веб-страни кои ги пренасочуваат корисниците до други веб страни за кои Агенцијата не одговара.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Информациите, содржините, графичките слики, текстот, сликите, трговските марки и логоа објавени се заштитени со Законот за авторското право и сродните права, Закон за индустриска сопственост, Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост и други закони со кои се регулираат вакви и сродни права, и не смеат да се користат во маркетинг цели. Прибирањето на сите податоци е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците, одржување на содржината и функционалноста на Komuniciraj.mk како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Агенцијата ги користи информациите за некомерцијални цели. Со користење поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини, а за нивна понатамошна употреба мора да се усогласите со носителите на правата.

ПРОМЕНИ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ

Агенцијата го задржува правото на промена во било кое време на општите услови на начин што ќе ги објави на веб страната. Продолжувајќи со користење, според објавените промени, и давање на согласност од ваша страна, се смета на вашата согласност и на Општите Услови објавени со сите промени.

СУДСКА ЗАШТИТА

Исклучива надлежност за решавање на споровите во рамките на овие Услови и правила имаат судовите во Република Македонија.

ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТ

Ако било кој дел од овие Услови се покаже како незаконски, неважечки или неприменувачки, истите тие ќе бидат избришани, а останатите услови ќе останат непроменети и ќе продолжат да важат полноправно, и ќе продолжат да бидат обврзувачки и применливи.