Вкупен коефициент на изложеност на елктромагнетно поле: 1.96% 
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималнита изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.


20140213_DG_Mimoza_Skopje.pdf



Локација: Детска градинка „Мимоза“ ул. Бапчор бр.2 - Скопје
Координати: 42.003694444444, 21.467944444444
Дата: 13/02/2014
Време: 10:30 - 11:15
Временски услови: сончево 13°С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во видно поле на градинката се лоцирани неколку базни станици за мобилна телефонија поставени на покривите од стамбени згради, базна станица на операторот Т-Мобиле на растојание од 70 метри и на височина од околу 40 метри, во иста насока малку подесно е базна станица на ВИП на растојание од 125 метри и на височина од околу 40 метри. Исто така на следната стамбена зграда има и базна страница на ОНЕ која што не е во видно поле од мерната точка.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 1.96%
Вкупна густина на моќност: 2.213 mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.913 V/m
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималнита изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.