АЕК Именик – мобилна апликација

Почетен екран - splash screen

Мобилна апликација
Аек именик за Android

Екран 1- Информации

На овој екран се прикажуваат најновите 5 информации што АЕК ги објавува на порталот www.aek.mk

Оваа акција побарува активна интернет конекција

Екран 1- Именик

Чекор 1 : Со клик на копчето се преземаат контактите со валидни МК броеви

Оваа акција побарува активна интернет конекција

Екран 2- Именик

Чекор 2 : Се избираат броевите за проверка и се избира копчето Увези

Оваа акција побарува активна интернет конекција

Екран 2- Именик

Чекор 2 : Со увоз на броевите преку сервис на АЕК се проверува кај кој Оператор е секој од броевите во моментот на проверка

Оваа акција побарува активна интернет конекција

Бројот може да се повика или да му се прати SMS

Екран 3- Статистика

Со клик на копчето "Направи статистика" се повикува сервис на АЕК што го проверува локалниот log-file од телефонот.

Оваа акција побарува активна интернет конекција

Статистиката е на месечно ниво по Оператор и по Контакт

Екран 4 - Подесувања

Со избор на "Статистиката" може да се избрише локално запишаната статистика за еден или повеќе месеци.

Оваа акција побарува активна интернет конекција.

Записите од log-file на телефонот остануваат.

previous arrow
next arrow
Slider

ЗА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА

АЕК Именик е апликација која на корисникот му овозможува информација за операторите во чија мрежа се наоѓаат мобилни и фиксни телефонски броеви запишани во именикот на мобилниот телефон. Дополнително апликацијата пресметува месечна статистика за збирни појдовни и дојдовни разговори на корисникот. Сите информации се исклучиво од информативен карактер. Статистиката за месечно користење од апликацијата не претставува замена за деталната сметка што корисникот може да ја добие од операторот чии услуги ги користи. Статистиката за месечно користење од апликацијата не претставува основа за поднесување на Приговор од краен корисник.
За проверка на телефонски броеви и за пресметка на месечна статистика мобилната апликација побарува активна интернет конекција на мобилниот телефон и користи заштитен веб сервис на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК за проверка на пренесеност на броеви.
За сите прашања во врска со мобилната апликација АЕК Именик kонтактирајте не на следната адреса за електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..”>mobile.apps@aec.mk.

ПРОВЕРКА НА БРОЕВИ ОД ИМЕНИКОТ НА КОРИСНИКОТ

Мобилната апликација АЕК именик им овозможува на корисниците да ги проверат броевите на контактите запишани во мобилниот телефон. При тоа контактите се запишуваат во нов именик каде секој број е дополнет со информација за операторот во чија мрежа е бројот во моментот на проверка. За проверка на именикот на корисникот апликацијата непревзема и не пренесува лични податоци од корисникот. За проверка на броевите на контактите од именикот на корисникот апликацијата користи активна интернет конекција и заштитен веб сервис. При тоа, до сервисот не се испраќаат лични податоци за корисникот. Корисникот по своја иницијатива ги испраќа телефонските броеви без назив, име или контакт информации за секој од броевите до сервисот. Сервисот не ги запишува на сервер на АЕК информациите за проверените броеви. Сервисот до мобилната апликација враќа информација за оператор во чија мрежа е секој од испратените броеви. Од мобилната апликација корисникот може директно да повика број и/или испрати SMS Порака.

ПРОВЕРКА НА ЕДЕН БРОЈ

Мобилната апликација АЕК Именик овозможува проверка на еден број што корисникот го внесува во полето за внес на телефонски број. Апликацијата врши проверка на бројот преку активна интернет конекција и заштитен веб сервис на АЕК и враќа информација за операторот во чија мрежа се наоѓа брoјот во моментот на проверка. Корисникот по своја иницијатива го испраќа телефонскиот број без назив, име или контакт информации до сервисот. Сервисот не го запишува на сервер на АЕК проверениот број. По извршената проверка корисникот може директно да го повика бројот и/или испрати SMS порака.

СТАТИСТИКА НА МИНАТИ РАЗГОВОРИ

Статистиката се пресметува за месечно користење, со збирно време траење на разговори на месечно ниво што дополнително се дели на збирни минути за појдовни и дојдовни разговори по оператор и по број.
Информациите за месечна статистика се превземаат од log-датотеката запишана на мобилниот телефон. Статистика за минати месеци се пресметува само еднаш. При секоја дополнителна проверка на статистика, статистиката се ажурира само за тековниот месец. При пресметката на статистика се користат информации за пренесеност на телефонскиот број со кој сте разговарале со цел да се утврди кај кој оператор се наоѓал бројот во времето на разговор.
Корисникот може по сопствена иницијатива да ја избрише статистиката за секој месец поединечно.
Прикажаните вредности во Статистика се исклучиво од информативен карактер и имаат за цел корисникот да има информација за операторите во чија мрежа се броевите на контактите со кои најмногу и најчесто зборува. Статистиката не претставува замена за деталната сметка што корисникот може да ја добие од операторот чии услуги ги користи. Статистиката не претставува основа за поднесување на Приговор од краен корисник.
При пресметката на месечно користење, апликацијата врши сумирање на разговорите на ниво на секунда, без заокружување.
Статистиката ви овозможува и графички приказ на првите пет мобилни и фиксни оператори според вкупно време траење на разговори, со приказ на целиот број минути разговор за секој оператор и поделба на време трање за појдовни и дојдовни разговори.

ЗА УСЛУГАТА ПРЕНОСЛИВОСТ НА БРОЕВИ

Корисниците на мобилна и фиксна телефонија го избираат најдобриот оператор според своите лични потреби, убедувања и навики на користење. Доколку корисникот реши да го промени операторот, тој може да го стори тоа на едноставен начин без да се откаже од телефонскиот број што дотогаш го користел. Со задржување на телефонскиот број и префиксот корисникот заштедува на трошоци за информирање на своите контакти за промена на бројот. Агенцијата за електронски комуникации им овозможува на корисниците да го пренесат својот број кај операторот чии услуги сакаат да ги користат. За условите за пренесување на број корисникот се информира кај новиот оператор чии услуги сака да ги користи. Преку мобилната апликација АЕК Именик и веб страната www.komuniciraj.mk корисникот може да дознае кај кој оператор се наоѓа еден телефонски број.