Select Page

Вкупен коефициент на изложеност на елктромагнетно поле: 2,18%
Заклучок:Од добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.


20130528_Izvestaj_DG_Mirce_Acev_-_Ali_Chair_Prilep_N41_35040833_E21_56133889_.pdf



Локација: Детска градинка „ Мирче Ацев“( Али Чаир) ул. „Наум Наумовски Борче” бб Прилеп
Координати: 41.35040833, 21.56133889
Дата: 28/05/2013
Време: 12:30 – 13:45
Временски услови: умерено облачно 25С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на детската градинка нема доминантни извори на електромагнетно зрачење. Најблиските базни станици за мобилна телефонија е на растојание од околу 500 метри поставени на покрив од зграда на висина од околу 45 метри во сопственост на операторот Т-мобиле и Оне. Поради големото растојание до базните станици измерените вредности се очекуваат да бидат доста ниски.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 2.18%
Вкупна густина на моќност: 2.797mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 1.027V/m
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.