previous arrow
next arrow
previous arrownext arrow
Slider


Извештај за средно училиште Цар Самоил Ресен



Локација: Средно училиште Цар Самоил Ресен
Дата: 29/03/2016
Време: 10:00 - 11:00
Временски услови: облачно 10°С
Цел на мерење: Мерењето се врши на барање на Директорот на ЦСУ Цар Самоил-Ресен со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на учениците на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на училишната зграда на растојание од околу 80 -тина метри се наоѓа базна станица за мобилна телефонија на операторот Т-мобиле. Базната станица е прикажана во галеријата со слики.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во школскиот двор на источниот дел кој е најблиску до базната станица каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 1.58 %
Вкупна густина на моќност: 1.106 mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.646 V/m
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека изложеноста на електромагнетни зрачења е близу шеесет пати помала од максимално дозволената. Земајки во предвид дека деталните мерења се направени на место каде јачината на електричното поле е најголема, во сите други точки кои гледаат кон базната станица јачината ќе биде помала особено на оние места кои немаат оптичка видливост до базната станица. Поради близината на базната станица, целокупоното ниво на електромагнетно зрачење потекнува од оваа базна станица.