Вкупен коефициент на изложеност на елeктромагнетно поле: 2.81%
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималнита изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.
20130606_Izvestaj_DG_Pcelka_2_Skopje_N41.97677777777_E21.46619444444_.pdf
Локација: Детска градинка „Пчелка 2“ ул. Аурора бр.29 Скопје
Координати: 41.97677777777 21.46619444444
Дата: 06/06/2013
Време: 14:20 – 15:20
Временски услови: променливо облачно 23С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: На западна страна од градинката е лоцирана базна станица за мобилна телефонија поставена на покривот од силосот на Жито лукс и тоа на операторот ОНЕ, на растојание од 360 метри и на височина од околу 30 метри. На источна страна поставена е уште една базна станица на ВИП оператор до која што нема видливост од градинката,меѓутоа истата има влијание на вкупното измерено електромагнетно поле.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 2.81%
Вкупна густина на моќност: 3.863 mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 1.207 V/m
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималнита изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.