Вкупен коефициент на изложеност на елeктромагнетно поле: 0.98%
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.
20130604_Izvestaj_DG_kolibri_Bitola_N41.04525833_E21.34488889_1.pdf



Локација: Детска градинка „Колибри“ ул. Цане Бујуковски бб Битола
Координати: 41.04525833, 21.34488889
Дата: 04/06/2013
Време: 13:05 – 14:10
Временски услови: променливо облачно 21С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Најблиските базни станици за мобилна телефонија се на растојание од околу 400 метри и тоа на операторот Т- мобиле и операторот Оне до кои има и оптичка видливост. Базните станици поставени се на соседниот рид. Поради големото растојание до базните станици, а и поради тоа дека ниту еден од антенските системи на базните станици не е насочен директно кон градинката, измерените вредности се очекуваат да бидат ниски.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 0.98%
Вкупна густина на моќност: 0.660mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.499V/m
Заклучок: Од добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.