Вкупен коефициент на изложеност на елктромагнетно поле: 1.10%
Заклучок: Иако во близина на градинката има базни станици за мобилна телефонија, но поради високата зграда која се наоѓа помеѓу градинката и базните станици, електромагнетното поле е доста слабо, со тоа и изложеноста на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.


20130530_Izvestaj_DG_Jasna_Risteska_Ohrid_N41.11306944_E20.80565833__1.pdf



Локација: Детска градинка „Јасна Ристеска“ ул. Димитар Влахов бр. 63 Охрид
Координати: 41.11306944, 20.80565833
Дата: 30/05/2013
Време: 11:15 – 13:15
Временски услови: променливо облачно, 20С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на детската градинка се наоѓаат базни станици од сите оператори на мобилна телефонија. Најблиску до градинката се базните станици на Оне и Т-мобиле кои се наоѓаат на околу 120 метри од дворот на градинката и се поставени на покривот од соседните згради на висина од околу 20 метри, додека базната станица на операторот Вип е поставена студенскиот дом на растојание од околу 200 метри и висина 20 метри од земја. Помеѓу градинката и базните станици се наоѓа висока станбена зграда (околу 30 метри) така да оптичката видливост до базните станици е засенета од оваа зграда. Поради ова се очекува елктромагнетното поле од најблиските базни станици да биде доста ослабено.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 1.10%
Вкупна густина на моќност: 0.576mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.466V/m
Заклучок: Иако во близина на градинката има базни станици за мобилна телефонија, но поради високата зграда која се наоѓа помеѓу градинката и базните станици, електромагнетното поле е доста слабо, со тоа и изложеноста на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.