Вкупен коефициент на изложеност на елктромагнетно поле: 1,35%
(% од максимално дозволената вредност на елeктричното поле)
Заклучок:
Oд добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.
IZVESTAJ_OJUDG_Detska_Radost_Centralna_N41.145638Y22.505333.pdf
Локација: Гевгелија
Координати: 41.145638, 22.505333
Дата: 28/05/2014
Време: 12:00 – 13:00
Временски услови: Сончево, 30С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на детската градинка нема доминантни извори на електромагнетно зрачење. Најблиските базни станици за мобилна телефонија се на растојание од околу 400 метри од локалитетот управна зграда ЕВН до кои нема оптичка видливост. До радиодифузниот пункт Мрзенски Рид има оптичка видливост во делови на градниката и истиот е одалечен 1400м. Поради големото растојание и непостоењето на оптичката видливост до базните станици измерените вредности се очекуваат да бидат доста ниски.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење каде би се очекувало максимално електромагнетно поле
Kоефициент на изложеност: 1,35%
Вкупна густина на моќност: 0,777mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 1,36V/m
Заклучок: Oд добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.