Select Page

Вкупен коефициент на изложеност на елeктромагнетно поле: 0.34%
Заклучок: Бидејќи во близина на градинката нема базни станици за мобилна телефонија ниту било каков објект кој емитува електромагнетни бранови, а и поради околните згради и куќи околу градинката кои го засенуваат погледот кон базните станици како и од добиените резултати може да се заклучи дека максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.

20130606_Izvestaj_DG_Boncejca_Prilep_N41.34242778_E21.54491389__1.pdf

Локација: Детска градинка „Бончејца“ ул. Будимаж бб Прилеп
Координати: 41.34242778, 21.54491389
Дата: 06/06/2013
Време: 12:45 – 13:40
Временски услови: облачно, 20С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на детската градинка нема доминантни извори на електромагнетно зрачење. Најблиските базни станици за мобилна телефонија се на растојание од околу 400 до 500 метри, најблиските радиодифузни предаватели се на растојание од околу 1 km. Околу градинката се наоѓаат станбени згради и куќи поради што нема оптичка видливост до ниту една базна станица, а и поради големото растојание, измерените вредности се очекуваат да бидат доста ниски.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 0.34%
Вкупна густина на моќност: 0.046mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.132V/m