Select Page

Вкупен коефициент на изложеност на елктромагнетно поле: 0.59% 
Заклучок: Бидејќи помеѓу градинката и базните станици се наоѓаат станбени објекти кои внесуваат слабеење на елктромагнетното поле, добиените резултати се релативно мали поради што максималната изложеност на нејонизирачки зрачења е далеку помала од пропишаните гранични вредности.

20130523_Izvestaj_DG_Slavejce_Bitola_N41_01_55.7_E21_19_07.0_.pdf

Локација: Детска градинка „Славејче“ ул Охридска бб Битола
Координати: 41.032138, 21.318611
Дата: 23/05/2013
Време: 12:10 – 13:10
Временски услови: облачно, 22С
Цел на мерење: Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења.
Доминантни извори на зрачење: Во близина на детската градинка на околу 200 метри се наоѓа базната станица на ВИП оператор а додека на околу 500 метри од градинката е поставен предавател на Бум ТВ. Но бидејќи веднаш до градинката се наоѓаат станбени објекти нема оптичка видливост до локациите на базната станица и ТВ предавателот на Бум ТВ. Поради што измерените вредности се очекуваат да бидат доста мали.
Мерни точки (локации): Избрана е точка на мерење во дворот на детската градинка каде би се очекувало максимално електромагнетно поле.
Kоефициент на изложеност: 0.59%
Вкупна густина на моќност: 0.163 mW/m2
Вкупна јачина на електрично поле: 0.248V/m