Select Page

Што всушност означува роамингот?

Роамингот претставува услуга обезбедена од мобилните оператори која што Ви овозможува да го користите Вашиот мобилен телефон во странство. Според тоа, можете да го користите мобилниот телефон за говор, испраѓање на смс пораки и мобилни податоци кога патувате во странство.

Дали е вистина дека нема да има роаминг трошоци кога патувам во регионот на Западен Балкан од 01 Јули 2021?

Да, тоа е точно. Од 01 Јули 2021, Вие нема да плаќате дополнителни екстра трошоци за повици, смс и мобилни податоци кога патувате во регионот споредено со тоа што го плаќате кога сте дома. Овој модел се вика “Роамирај како да си дома”.

Според овој модел, минутите, смс и гигабајтите сообраќај кои ги трошите во странство во регионот на Западен Балкан ќе бидат наплатувани односно редуцирани (одземени) од волуменот на сообраќај од Вашиот тарифен план исто како и кога би биле дома.

Меѓутоа, кога пристапувате на интернет кога сте во роаминг, определен лимит на сообраќај може да биде наметнат. За ова Ве молиме дополнително информирајте се кај Вашиот оператор.

Каде точно можам да патувам и да Роамирам како дома?

Може да користите Роаминг како дома низ регионот на Западен Балкан (односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово[1], Црна Гора, Северна Македонија и Србија), во случај да сте претплатник на еден од операторите кои работат во земјите од Западен Балкан.

Дали Роамирај како дома принципот важи и ако повикам било кого од дел од регионот кога сум во роаминг или само кога повикувам кон дома?

Да, Роамирај како дома принципот важи во сите случаеви кога сте во роаминг независно дали повикувате кон дома или претплатник во друга држава од Западен Балкан.

Дали Роамирај како дома важи за говорни повици, смс и мобилни податоци?

Нема да има никакви дополнително роаминг трошоци за услугите во роаминг: говорни повици, смс или мобилни податоци кога и да користите услуги во роаминг во Западен Балкан, што значи надвор од Вашата земја.

Но, мобилните оператори може да применуваат политики на фер користење и лимитирање на мобилните податоци при роаминг, со цел да превенираат несоодветно користење од страна на корисниците. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го Вашиот мобилен оператор.

Дали Роамирај какo дома важи само кога повикувам или исто и кога примам повик во роаминг?

Нема да има никакви дополнителни трошоци а роаминг за сите: кога повикуваш или кога примаш повик.

Дали Роамирај какo дома важи за сите и при пејд и пост пејд претплатници?

Да, важи за сите и при пејд и пост пејд претплатници.

Дали Роамирај како дома принципот е автоматски применлив или треба да го активирам?

Не морате да правите ништо – се е автоматски, од причина што мобилните оператори по автоматизам го применуваат Роамирај како дома режимот во регионот.

Роамирај како дома режимот ги покрива повиците кои ги остваруваме од дома до други делови од регионот?

Не, тие повици не се роаминг повици. Кога повикуваш од дома тогаш ти не користип роаминг и Роамирај како дома принципот не важи.

Ако патувам во регионот и повикам некого, дали треба да внимавам дали повикувам мобилен или фиксен број?

Роамирај како дома важи за сите роаминг повици во регионот на Западен Балкан согласно твојот тарифен план.

Дали Роамирај како дома принципот важи и кога патувам во регионот и користам WiFi?

Кога користиш WiFi, не користип роаминг услуги, па оттаму Роамирај како дома принципот не важи.

Дали постојат волуменски ограничувања за повици, смс и мобилни податоци кога користам роаминг во регионот?

Нема лимити во случајот на користење на повици и смс кога роамирате. Во случај на мобилните податоци, мобилниот оператор може да применува ткн. фер користење на волуменски одреден лимит на податоци во роаминг во согласност со политиките за фер користење. За повеќе информации Ве молиме контактирајте го Вашиот мобилен оператор.

Што ако ги потрошам сите минути/пораки/мобилни податоци во роаминг кои ги имам како при-пејд/пост-пејд претплатник?

Во случај да го потрошиш целокупниот сообраќај што ти е на располагање, независно дали си при пејд или пост пејд претплатник, за сите дополнителен минути/пораки/мобилни податоци ќе бидат наплатени согласно нацоналниот тарифен план.

Дали како при пејд претпланик можам да примам повици иако сум потрошил се што имам на сметката како кредит?

Да, важат истите правила како дома, оттаму можеш да примаш повици. Дојдовните повици се бесплатни, исто како што се бесплатни и дома.

Дали има било какви ограничувања при користење на мојот мобилен телефон и Раомирај како дома кога сум во странство?

Ако поминуваш повеќе време дома (повеќе си на домашната мрежа) отколку во странство, или го користиш мобилниот телефон повеќе дома отколку во странство, можеш да Роамираш како дома во регионот. Но, ако твојот мобилен оператор заклучи дека во последните 4 месеци си провел поголем дел од времето надвор, и потрошил повеќето сообраќај надвор, ќе бидеш информиран преку смс порака во која ќе биде побарано да го прилагодиш трошењето на сообраќајот согласно политиките на фер користење. Доколку тоа не се случи во следните две недели ќе биде наплатен дополнителен трошок за остварениот сообраќај, односно:

  • 3.2 euro cents по минута за направени појдовни повици
  • 1.6 euro cents по минута за примени повици
  • 1 euro cent по смс порака
  • 0,77 euro cents по мегабајт.

Дали и понатаму е добра идеја да земам привремено локална СИМ картичка кога патувам во регионот?

Доколку патуваш периодично и остануваш краток период во друга земја од Западен Балкан, одговорот е не. Но, ако планираш да останеш во друга земја од Западен Балкан подолг период тогаш треба да ги провериш политиките за фер користење на твојот мобилен оператор и да одлучиш што е најдобро за твојот конкретен случај.

Што ако ми биде наплатен екстра трошок  кога патувам во регионот на Западен Балкан?

Треба веднаш да го контактирате Вашиот мобилен оператор.

Дали и роаминг трошоците со ЕУ се исто така намалени

Не, но дискусија за редукција на трошоците за роаминг трошоците помеѓу Западен Балкан и ЕУ е во тек.

За повеќе информации проверете ја веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации  https://aek.mk/, односно веб страниците на регулаторните тела во земјите од Западен Балкан:

Albania: https://www.akep.al/

Bosnia and Herzegovina: https://www.rak.ba/bs-Latn-BA/

Kosovo*: http://www.arkep-rks.org/

Montenegro: https://ekip.me/

North Macedonia: https://aek.mk/

Serbia: https://www.ratel.rs/cyr/


[1] This designation is without prejudice to positions on status, and is in line with UNSCR 1244/1999 and the ICJ Opinion on the Kosovo declaration of independence