Select Page

ТЕЛЕФОНИЈА


Што треба да направам до колку износот на фактурата доставена од операторот за телефонски услуги е превисока?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот

Зошто на пограничните места се вклучува роаминг услугата без при тоа да ја преминам границата?

Поради конфигурацијата на теренот на некои локации каде што квалитетот на сигналот на нашите оператори е слаб мобилниот телефон се приклучува на мрежата на странските оператори. Поради тоа за да не дојде до непотребни роаминг тарифирања треба секогаш изборот на оператор во телефонот да биде подесен на рачно (Manual).


Каде треба да приговарам до колку телефонската услуга овозможена преку кабелски оператор е со постојани прекини?

Приговорот прво треба да се поднесе кај операторот кој што ја обезбедува услугата, доколку претплатникот не е задоволен од одговорот, истиот може да го поднесе во АЕК. Доколку прекините се со подолговреметраење од 3 часа, претплатникот има право за надоместок на претплатата  за периодот во којшто не ја користи услугата.

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот, или на бројот на Контакт центарот на АЕК 190.


Како треба да постапам до колку ми е наплатена услуга која не сум ја користел ? (најчесто наплатувана е интернет услуга при престој во странство, а не е користена истата )

Приговорот прво треба да се поднесе кај операторот кој што ја обезбедува услугата, доколку претплатникот не е задоволен од одговорот, истиот може да го поднесе во АЕК.

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.


Што треба да сторам до колку операторот ја одолговлекува постапката за пренесување на мојот број кај друг оператор?

Со измените на Правилникот за пренесување на број, дадени се фиксни временски рокови во коишто Операторите треба да ја спроведат постапката за пренесување на број и се избегнува одоговлекувањето. Покрај се, доколку имате проблеми со постапката за преносливост на броеви, Поднесете приговор прво кај операторот кој што ја обезбедува услугата, доколку претплатникот не е задоволен од одговорот, истиот може да го поднесе во АЕК.

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот, или на бројот на Контакт центарот на АЕК 190.

Како да добијам информација за потрошени бесплатни минути?

Операторот и / или давателот на услуги треба да обезбеди начин  преку кој претплатниците, по нивно барање ќе можат да добијат информација за искористеноста или надминувањето на одредени поволности кои ги користеле согласно избраниот тарифен модел во текот на еден месец, како и за тоа дека по нивното искористување или надминување ќе започне со променетиот модел и начин на тарифирање.

Дали операторот треба да ми ја исклучи услугата до колку не ја платам фактурата која ја оспорувам со приговор?

Во случај на поднесен приговор во врска со износот на сметката, се до донесувањето на конечна одлука, претплатникот е должен да го плати само износот на месечната претлата до датумот наведен во сметката во било кое продажно место на операторот и/или давателот на услуги или други достапни начини за плаќање од страна на операторот и/или давателот на услуги.

ИНТЕРНЕТ


Што треба да сторам до колку не сум задоволен од брзината на интернет конекцијата (не соодвествува со брзината која е посочена во договорот)?

Агенцијата ги мери параметрите за квалитет и за мобилен интернет, како и за интернет на фиксна локација. Доколку измерените параметри не соодветствуваат со оние во потпишаниот претплатнички договор, претплатникот има право да го раскине договорот без наплата на пенали за предвремено раскинување на договорот.

ТЕЛЕВИЗИЈА

Што треба да се стори до колку имам пречки при прием на телевизиски сигнал преку антена?

Првин треба да се провери во соодветната телевизија дали вашата локација е покриена со квалитетен сигнал. Доколку одговорот е да, тогаш проблемот е од техничка природа во вашиот приемен систем (несоодветна антена, конектори, кабел и сл.).

УСЛУГИ И СМЕТКИ

Каква е постапката за оспорување на сметка доставена од операторот?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.


Каде се приговара до колку операторот со кој е потпишан договор за одредена телекомуникациска услуга касни со активирање на услугата?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.

Каде се приговара до колку операторот со кој е раскинат договор за одредена телекомуникациска услуга касни со деактивирање на услугата?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот, или на бројот на Контакт центарот на АЕК 190.

Што треба да сторам до колку и по плаќањето на заостанатата сметка операторот не ја вклучува услугата?

Операторот и/или давателна услуги треба да го ослободи претплатникот од плаќање на дел од месечната претплата  и надоместоците за користење на дополнителни услуги во случај на привремен прекин на пристапот и/или обезбедувањето на јавните комуникациски услуги кој настанал не по вина на претплатникот, за износ пропорционален на времетраењето на прекинот

Каде треба да се обратам до колку операторот не прифаќа поднесување на приговор?

Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата (АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.

Каде се приговара за договорот кој се склучува со операторот?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот, или на бројот на Контакт центарот на АЕК 190.

Каде се приговара за каснењето на сметките од операторите?

Операторот и/или давателот на услуги треба во своите општи услови за пристап и користење на јавните комуникациски услуги да наведе до кој датум во месецот на претплатниците ќе им ги испрати сметките. Непримањето на сметката или непоседувањето на сметка од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати должничкиот износ во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да побара сметка доколку истата не ја примил на време.

ЛЕГИСЛАТИВА

Која е постапката за поднесување на приговор до АЕК?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.

Дали операторот треба по автоматизам да ми го продолжи договорот без предходно да ме извести?

Операторот и/или давателот на услуги, во понудата на своите услуги, треба да обезбеди можност за склучување на претплатничкиот договор, со задолжително траење на договорната обврска за временски период на  12 месеци. Најдолг задолжителен период на кој може да се склучи претплатничкиот договор е 24 месеци.
 
Обврските од договорите со задолжително времетраење, несмеат да бидат продолжени по автоматизам по истекот на иницијално договорениот временски период. Операторот и/или давателот на услуги во рок не пократок од 30 дена пред истекот на задолжителното времетраење од договорот треба да го извести претплатникот дека му истекува истиот, доколку има промена на тарифниот модел на претплатникот или доколку претплатникот останува без услугата.

Дали може да го раскинам договорот со операторот пред истекот на рокот без да плаќам казнени пенали?

Претплатникот може да го раскине претплатничкиот договор со операторот и/или давателот на услуги лично со поднесување на писмено барање на образец пропишан од страна на операторот и/или давателот на услуги, а објавен во неговите општи услови за пристап и користење на комуникациските услуги и во рок определен во претплатничкиот договор, при што треба да ги намири сите доспеани обврски кон операторот и/или давателот на услуги, или со поднесување на барање за пренесување на број кај друг оператор и/или давател на услуги на начин определен во Правилникот за преносливост на броеви. Претплатникот и по раскинувањето на претплатничкиот договор ќе биде одговорен за плаќање на сите трошоци кои биле направени од негова страна, а кои евентуално се фактурирани со задоцнување или се фактурирани, а не се платени од страна на претплатникот. При раскинување на претплатничкиот договор, претплатникот треба да ги врати комуникациските средства во сопственост на операторот и/или давателот на услуга во исправна состојба, која ја утврдува операторот и/или давателот на услуги при преземањето на средствата.

Доколку ја платам фактурата за која приговарам до операторот и тој приговор биде решен во моја корист, како тие средства што сум ги платил ке ми бидат надоместени?

Операторот и/или давателот на услуги ќе ги врати паричните средства на претплатниците  во случаи на основан приговор од страна на претплатникот за утврдена неточна обработка на податоци што доведува до зголемување на износот за користени комуникациски услуги, доколку ги има намирено своите долгови, во висина на погрешното задолжување со вкалкулирана законска казнена камата.

Дали ќе бидам исклучен од мрежата на операторот до колку не ја платам фактурата за која приговарам кај истиот?

Оперторот и/или давател на услуги треба да не го ограничи пристапот до неговите услуги и/или да го исклучи претплатникот и да не го раскине претплатничкиот договор, доколку претплатникот поднесе писмен приговор во врска со износот на сметката, се до донесувањето на конечна одлука.

РАДИО ФРЕКВЕНЦИИ


На кој начин можам да добијам радиофреквенција?

Во зависност од радиофреквенцискиот опсег од интерес потребно е да се пополни соодветен образец и приложи соодветна документација (решение од Централен Регистар, уплата на административни такси, а доколку е потребно и техничко решение).

Како може да се измери јачината на зрачењето на базна станица?

За да се измери јачината на зрачењето на базна станица потребни се соодветни инструменти. Со најновите измени на Законот за електронски комуникации Агенцијата ќе биде одговорна за мерење на нејонизирачки зрачења.


До кога треба да заврши преминот од аналогна во дигитална терестријална телевизија?

До 1 јуни 2013 година треба да се исклучат сите аналогни ТВ предаватели, при што ќе останат само дигиталните предаватели. По овој датум за следење на терестријалната телевизија на старите аналогни телевизири ќе биде потребен дополнителен уред (Set Top Box).