Заштитата на Вашата компанија при online работење започнува со подготвеноста на Вашите вработени да имаат улога во одржувањето на Вашите компјутери и мрежата безбедни. Едноставно кажано, најдобрата безбедносна технологија во светот не може да ви помогне ако вработените не ги разбираат нивните улоги и одговорности во обезбедувањето на осетливите податоци и заштита на ресурсите на компанијата.
Вашите вработени треба да ги знаат своите одговорности, почнувајќи со тоа како да управуваат со потенцијално осетливи податоци. Вработените треба да знаат што можат, а што не можат да однесат дома, што можат, а што не можат да прават со ресурсите на компанијата и каква улога имаат (ако имаат) во правењето backup копии и користењето на технологиите за безбедност.
Покрај другите работи, вработените треба да бидат посоветувани за:
- Користење на добри практики за креирање лозинки. Креирањето на комплексни лозинки и нивното рутинско менување се најлесните и најефективните чекори кои можат да ги превземат Вашите вработени за да ги заштитат Вашите информации.
- Безбедно користење на електронската пошта. Вработените треба да знаат дека не треба да отвараат пораки или закачени датотеки од непознат извор. Исто така вработените треба да добијат инструкции за користење на филтри за спам и како да ги користат за да спречат несакани, штетни е-меил пораки.
- Правење резервни бекап копии на нивната работа. Било да ги подесите компјутерите на Вашите вработени да прават бекап копии автоматски или таа задача да им ја дадете на вработените, тие треба да добијат инструкции за нивната улога при заштита на својата работа.
- Одржување на чисти компјутери. Вашата компанија треба да има јасни правила за тоа што вработените можат да инсталираат и чуваат на своите компјутери на работа. Уверете се дека тие ги разбрале и ги почитуваат овие правила. Непознати надворешни програми можат да отворат безбедносни дупки во Вашата мрежа.
- Набљудување и пријавување. Треба да ги охрабрите Вашите вработени да внимаваат и да пријават доколку забележат дека нешто чудно се случува на нивниот компјутер