Придобијте ја довербата на Вашите клиенти

Следниве информации ќе ви помогнат да ги заштитите податоците на Вашите клиенти и да им помогнете да добијат чувство на доверба во онлајн соработката со Вас.

  • Имајте (и следете) правила за приватност. Веб страницата на Вашата компанија треба да има правила за приватност што им кажуваат на корисниците кои информации ги собирате во врска со нив и како ги користите.
  • Треба да знаете што е тоа што го чувате. Бидете свесни за сите лични информации што ги имате од Вашите клиенти, каде ги чувате и за што ги користите.
  • Чувајте го само она што ви треба, а останатото избришете го. Што помалку податоци чувате, толку се помали шансите нешто да тргне наопаку.
  • Заштитете го она што ви го даваат. Ако чувате информации за Вашите клиенти треба да бидете сигурни дека се безбедни.
Previous Најдобри практики за заштита

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.