
Добро e да се знае…
Заштитете се од кражба или загуба на Вашиот компјутер. Ако Вашиот компјутер падне во раце на крадци, сите податоци на него можат да бидат компромитирани и злоупотребени.
Ризици
- Губење на податоци за кои немате направено заштитна копија (backup).
- Крадците добиват пристап до Вашите приватни информации и датотеки.
Внимавајте на Вашиот лаптоп
- Правете заштитни копии (backup) на Вашите податоци.
- Поставете лозинка која ќе треба да ја впишете при подигање на оперативниот систем. Повеќето лаптопи нудат можност да се постави лозинка при самото уклучување, така што, неовластен корисник нема да може да го стартува компјутерот.
- За поголема безбедност користете шифрирање на податоците.
- Внимавајте какви податоци ставате на Вашиот лаптоп.
- Избегнувајте торби кои личат на торби за лаптоп, на пример торба со логото на производителот на неа.
- Надгледувајте го Вашиот лаптоп секогаш кога можете. Кога не го надгледувате чувајте го скриен или физички заклучен. Кога летате со авион носете го Вашиот лаптоп во рачниот багаж.
- Интернет пребарувачите, обично, ви овозможуваат да ги зачувате лозинките од веб-страниците за да не ги внесувате секогаш кога пристапувате. Не го правете ова на лаптопи, внесувајте ја лозинката секогаш кога има потреба.
- Никогаш не го оставајте лаптопот на седиште од колата, дури и ако сте вие во неа.
- Препорачуваме поставување на лозинка за главната Администраторска корисничка сметка во Windows XP, Vista, Windows 7.
- Превземете дополнителни безбедносни чекори за да бидете сигурни дека осетливите податоци до кои пристапувате на Интернет, како што се страниците за Интернет банкарството и сервисите за плаќање се чуваат скриени. Многу Интернет пребарувачи, нудат “Private Browsing” можности. Кога оваа можност е вклучена, Вашиот пребарувач ја ограничува количината на лични информации кои се зачувуваат во меморијата на Вашиот компјутер. Ова им создава потешкотија на крадците и сајбер-криминалците да ги најдат Вашите лични детали. Најновите верзии на Internet Explorer, Firefox, Safari и Opera ја имаат оваа можност.
- Ако користите лаптоп надвор од Вашиот дом или работно место, на пример на одмор, земете ја во предвид технологијата вградена во многу лаптопи, која на корисникот му овозможува да создаде “дигитален клуч” и да го зачува на USB-меморија или мемориска картичка. По создавањето, корисникот мора да го приклучи овој “дигитален клуч” за да добие пристап до лаптопот.
Што да направите ако Вашиот компјутер или лаптоп е украден
Се што правите на Вашиот компјутер, од банкарство до читање на е-mail пораки е запишано на хард диск. Крадецот потенцијално може да пристапи до овие информации, вклучувајќи ги корисничкото име и лозинка и може да го искористи тоа против Вас. Доколку дојде до кражба, колку што е можно побрзо искористете друг компјутер и сменете ги лозинките до сите сервиси што ги користите на Интернет, особено Интернет банкарство, плаќање преку Интернет, аукции и веб-пошта како Gmail, hotmail или yahoo mail. Ако сте го користеле Вашиот лаптоп за пристап до службен е-mail, информирајте го ИТ секторот за да го следат Вашиот профил за било какви необични активности.
Дознајте повеќе за:
- Кражба на идентитет
- Софтвер за следење на украден лаптоп
- Софтвер за енкрипција на податоци на хард диск