
Добро e да се знае…
Лозинката не треба да биде збор.
Подолгите лозинки потешко се погодуваат и пробиваат, затоа треба да биде долга барем седум карактери.
Силна лозинка треба да содржи комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци (` ~ ! @ # $ % ^ & * ( ) _ + – = { } | [ ] \ : ” ; ‘ < > ? , . /).
За секој интернет сервис, користете различна лозинка.
Лозинката треба да се менува често.
Вашата лозинка претставува клуч за Вашата сигурност на Интернет
Не им олеснувајте на хакерите да ви ја погодат лозинката. Користете силни лозинки.
Ризици
И најдобрата безбедност во светот е бескорисна ако лицето кое сака да нанесе штета има легитимно корисничко име и лозинка. Таквото лице може да направи се што можете и вие да направите.
- Лозинките на некои луѓе можат многу лесно да се погодат, на пр. лозинката „password“
- Некои луѓе користат обични зборови, кои можат да се погодат со хакерска програма. Хакерските програми се обидуваат да ја погодат лозинката со проверка на секој збор од речник.
- Ако користите иста лозинка за секоја веб страна, хакерот треба да ја пронајде Вашата лозинка еднаш и има пристап секаде.
Користете силни лозинки
Добра лозинка:
- Не треба да биде збор.
- Треба да биде долга барем седум карактери. Подолгите лозинки потешко се погодуваат и пробиваат.
- Не треба да го содржи Вашето корисничко име, Вашето вистинско име или името на компанијата во која работите.
- Треба да биде комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци (` ~ ! @ # $ % ^ & * ( ) _ + – = { } | [ ] \ : ” ; ‘ < > ? , . /).
- Доколку патувате, треба да бидете свесни дека некои од специјалните знаци не можат да се внесат на странски тастатури.
- Треба да се менува често.
Не користете слаби лозинки
Избегнувајте слаби лозинки. Ова значи дека не смее:
- воопшто да не се користи лозинка,
- да се користат вообичаени зборови од речник,
- да се користи нешто што е лесно да се погоди и се однесува на Вас. На пример: омилен фудбалски тим, роденден, име на сопруг/сопруга и.т.н.,
- да се употребува најчесто користената лозинка „Password“,
- лозинката да не ја промените неколку месеци.
Грижете се за Вашите лозинки
- Никогаш никому не ја давајте Вашата лозинка.
- Никогаш не ја внесувајте Вашата лозинка кога некој може да види што пишувате.
- Користете различни лозинки за различни сервиси, особено користете различна лозинка за секоја банкарска веб-страница.
- Редовно менувајте ги лозинките.
- Не додавајте карактери на старите лозинки (пр. password2, passeord3).
- Не ги запишувајте лозинките. Наместо тоа, најдете начин за да ги запамтите. На пример, направете лозинка од првите букви на секој збор од некоја позната фраза или заменете ги броевите со букви (на пример: 5 со s, 3 со е).
- Никогаш не ја праќајте Вашата лозинка преку е-меил. Ниту една реномирана фирма нема да го побара тоа од Вас.
- Ако мислите дека некој ја знае Вашата лозинка, сменете ја веднаш.
Дознајте повеќе за: