
Добро e да се знае…
Не треба да бидете експерт за сајбер-безбедност за да го заштитите Вашиот бизнис, меѓутоа од големо значење е да ги разберете online заканите на мрежата на Вашата компанија. Свесноста за клучните закани ќе ви овозможи да имплементирате практики и однесувања кои го ограничуваат ризикот на Вашата организација.
Денес, организациите се соочуваат со неколку главни online закани:
- Spam
- Phishing
- Вируси и шпионски софтвери
Spam
Spam (несакана електронска пошта), може да биде примена и дистрибуирана од страна на компаниите. Отварање на spam порака преку вашата службена електронска пошта ве става во ризик од заразување со компјутерски вируси и штетен софтвер кои се способни да ја оневозможат работата на Вашата корпорациска мрежа и да им дозволат на хакерите да гледаат и да превземат податоци. Дистрибуирање на spam е уште еден ризик. Донесени се одредени закони кои поставуваат побарувања за видот на комерцијалните електронски пошти кои можете да ги испратите до Вашите клиенти, како и потенцијалните клиенти.
Следете ги следниве упатства за праќање на електронски пошти до Вашите клиенти:
- Не користете лажни информации во поглавјето за предмет.
- На сите приматели на Вашата електронска пошта овозможете им ја опцијата да се исклучат од листата за дистрибуција на Вашите е-mail пораки.
- Осигурете се дека оваа можност сеуште функционира барем во текот на 30 дена откако сте ја испратиле пораката.
- Означете ги Вашите e-mail пораки како реклама и вклучете валидна физичка поштенска адреса.
Phishing
Phishing нападите, обично, користат лажни e-mail пораки за да ги измамат клиентите во споделување на нивните лични информации, како што се матичен број, финансиски информации (броеви на сметка на кредитна картичка, кориснички имиња и лозинки и сл.)
Како се случуваат овие напади:
- Преку Лажни e-mail пораки. Лицата кои користат phishing ги измамуваат клиентите на тој начин што им испраќаат e-mail пораки што изгледаат како да се испратени од угледна компанија, на пример банка, трговец или компанија која работи со кредитни картички. Овие e-mail пораки вклучуваат веб линкови кои ги водат клиентите до лажни веб страници каде ги внесуваат своите лични информации.
- Програми кои ги читаат впишувањата од тастатурата. Лицата кои користат phishing, користат лажни e-mail пораки со цел да постават програми на компјутерите кои го снимаат секое впишување од тастатурата кое го прави клиентот. Од тука, овие лица потоа имаат можност да извлечат информации како што се лозинки и други лични податоци.
- Киднапирање веб страница. Лицата кои користат phishing можат да превземат веб адреса од некоја компанија и да ги пренасочат нејзините корисници кон лажна, но реална страница, која ги краде информациите од корисниците.
Предлози за заштита:
- Обезбедете им на Вашите клиенти e-mail адреса која што им овозможува да проверат дека e-mail пораката која што ја примиле со Вашиот бренд е навистина од Вас.
- Разгледајте ги вратените e-mail пораки, бидејќи лицата кои користат phishing можат да ја украдат Вашата e-mail адреса и да испраќаат пораки од Ваше име.
- Разгледувајте ги повиците за поддршка од страна на Вашите клиенти и внимавајте на жалби во врска со барања за промена на лозинката.
- Внимавајте на невообичаени активности од страна на корисниците кои прават голем број на логирања, промени на лозинката, уплати, повлекувања на пари и сл.
- Редовно пребарувајте на Интернет за да ја проверите употребата на логоата на компанијата.
Извор: Anti-Phishing Working Group – http://www.antiphishing.org
Вируси и шпионски софтвери
Вирусите и шпионските софтвери можат да влезат во Вашиот компјутер преку e-mail пораки и други други датотеки што ги снимате.
Вирусите можат да им овозможат на хакерите да украдат важни информации од компаниите, клиентите или вработените, да дистрибуираат spam, да избришат датотеки или да ви го урнат целиот компјутерски систем.
Шпионските програми им дозволуваат на хакерите да ја набљудуваат Вашата online активност и да ви украдат лозинки и други важни информации.
За среќа, вирусите и црвите се меѓу најлесните за откривање. Со воведување на правилните алатки и правилно однесување може да се придинесе за намалување на ризикот кој го носат вирусите и црвите на Вашата компанија.
Вклучете го автоматското ажурирање на заштитата од вируси и шпионски софтвери. Anti-virus и anti-spyware софтверите се широко распространети и лесни за употреба. Со една инсталација и со вклучување на можноста за автоматско ажурирање имате постојано активна заштита од вируси – дури и ако излезе некоја нова форма на вирус.
Не отворајте електронски пораки кшто не сте ги побарале. Измамите со електронските пораки, како што е phishing се меѓу најчестите измами кои ги користат криминалците за да украдат нешто од Вашата мрежа. Користете e-mail филтри за да ги блокирате овие e-mail пораки и бидете внимателни со пораки кои бараат да дадете лични информации, дури и ако изгледаат дека доаѓаат од банка или компанија со која соработувате.
Сурфајте внимателно. Неугледни страници можат да бидат полни со шпионски софтвери и вируси кои имаат за цел да влезат во Вашиот компјутер и да украдат лични информации. Постојат и веб филтри кои можете да ги користите за набљудубање и регулирање на сурфањето на Вашите вработени.