
Проценка на сигурноста на компјутерската мрежа ќе ви помогне да започнете со сајбер-безбедносен план со цел да се намалат најголемите ризици за Вашиот бизнис. Сајбер-безбедносниот план треба да биде развиен од страна на вработен кој има основно познавање од сајбер-безбедност.
Сеопфатен сајбер-безбедносен план треба да се фокусира на три клучни области:
- Превенција. Треба да бидат дефинирани решенија, правила и процедури за да се намали ризикот од напади.
- Решенија. Во случај на нарушување на безбедноста на одреден компјутер или дел од мрежа, треба да постојат планови и процедури за одредување на ресурси кои ќе се користат за отстранување на опасноста.
- Обновување. Компаниите треба да бидат подготвени да се справат со последиците од заканите за безбедност со цел загубите кои ги трпи компанијата да се сведат на минимум.