
Добро e да се знае…
Постојат три заштитни софтвери кои секој компјутер што е поврзан на Интернет треба да ги има инсталирано. Овој софтверски пакет е Вашата прва линија за одбрана од сајбер-криминалците.
Секој компјутер треба да ги има инсталирано следниве три значајни заштити:
- антивирус софтвер
- заштитен ѕид (firewall)
- антиспајвер софтвер
Инсталирањето на овој софтверски пакет е првиот чекор. Еднакво важно е овие алатки/апликации да бидат редовно ажурирани.
Нови закани се појавуваат секојдневно, меѓутоа со квалитетните софтверски пакети следува претплата која Ви овозможува редовно да вршите ажурирање на Вашите заштитни софтверски пакети. Во повеќето случаи, можете да го сетирате софтверот овие ажурирања да ги прави автоматски. Направете го ова сетирање за автоматско ажурирање со цел да не се создаваат продолжени периоди на потенцијална ранливост.
Додатно, на Вашиот компјутер работи оперативен ситем. Ако сурфате на Интернет, користите и пребарувач. И оперативниот систем и пребарувачот треба да се ажурираат редовно. Голем дел од ажурирањата кои се однесуваат на безбедноста имаат можност за закажување на нивното автоматско извршување.
Антивирус софтвери
Антивирус софтверите го заштитуваат Вашиот компјутер од вируси со скенирање на компјутерот, Вашата влезна е-пошта и бришење на се што е инфицирано. Вирусите можат да ги уништат Вашите податоци, да ги забават перформансите на Вашиот компјутер, да предизвикаат пад на системот или да им овозможат на спамерите да испраќаат е-меил пораки од Вашата сметка.
За да биде ефикасен, Вашиот софтвер за антивирус треба да се ажурира редовно, за да врши заштита од најновите вируси кои кружат на Интернет. Повеќете комерцијални софтвери за антивирус вклучуваат можност за автоматско ажурирање додека сте на Интернет.
Можете да симнувате антивирус софтвер од веб-страниците на софтверските компании или да го купите од нивните продажни салони.
Антиспајвер Софтвер
Спајвер e вид на штетен софтвер што ги надгледува Вашите активности на интернет и може да ги превземе Вашите лични информации. Антиспајвер софтверот помага во заштитата на Вашиот компјутер од спајвер. Периодично го скенира Вашиот компјутер за спајвер програми и потоа ви дава можност да ги отстараните најдените штетни софтвери за надзор. Некои антивирус софтвери содржат и антиспајвер заштита.
Заштитен ѕид
Заштитниот ѕид помага во спречување на хакерите да го користат Вашиот компјутер и да ги испраќаат Вашите лични информации без Ваша дозвола. Додека антивирус софтверот ги скенира дојдовните е-меил пораки и датотеки, Заштитнио ѕид е како чувар, кој врши надгледување и лови обиди за пристап до Вашиот систем и врши блокада на комуникација со извори кои вие не ги дозволувате.
Некои оперативни системи имаат вграден заштитен ѕид кој може да е исклучен. Вклучете го и редовно ажурирајте го. Проверете ја онлајн “Help” можноста за поконкретни упатства.
Ако Вашиот оперативен систем не вклучува заштитен ѕид, набавете одделен софтвер за заштита, или инсталирајте хардверски заштитен ѕид (надворешен уред кој вклучува софтвер за заштита од упади). На интернет постојат повеќе бесплатни софтверски програми за заштита од упади.
Оперативен Систем и Пребарувач
Редовното ажурирање на Вашиот компјутер ќе ви овозможи додатно ниво на сигурност за Вашиот систем и Вашите лични податоци. Неажуриран или дефектен софтвер може да го направи Вашиот компјутер подложен на напади, па затоа е од суштинско значење да бидете агилни во процесот на ажурирање.
Секој компјутер работи на одреден оперативен систем (OS) во кој се сместени витални компоненти кои му овозможуваат на вашиот компјутер да работи. Едни од најчесто користени оперативни системи се Microsoft Windows, Linux и Apple OS X. Криминалците и хакерите на интернет прават конкретни напади врз овие оперативни системи за своја корист.
За да се заштитат од вакви напади, производителите на оперативните системи издаваат редовни ажурирања кои санираат одредени проблеми или ранливости на оперативниот систем. Овие ажурирања најпрво се испраќаат до корисничкиот компјутер, а компјутерот може автоматски да ги инсталира овие поправки.
Следниве линкови се страници за ажурирање на главните оперативни системи:
http://update.microsoft.com/windowsupdate
http://www.apple.com/support/leopard/
Хакерите бараат начини да ги искористат неажурираните веб пребарувачи (Internet Explorer, Mozilla Firefox, Google Chrome, Apple Safari и сл.). Тие можат да ги искористат непоправените ранливости или проблемите во веб пребарувачот за да соберат лични информации, да инсталираат штетен софтвер и да ги искористат за напад на други машини. Поголемиот дел од производителите на главните пребарувачи редовно го ажурираат својот софтвер за да ги намалат факторите на ризик. Бидете сигурни дека ги добивате најновите ажурирања, дека ја имате најновата верзија од веб пребарувачот и дека сите соодветни безбедносни контроли ви се вклучени.
Ова се линкови до ресурси кои ќе ви помогнат да се осигурате дека ја користите последната верзија на веб пребарувачот:
Microsoft Internet Explorer:
http://support.microsoft.com/ph/8722
FireFox:
http://www.mozilla.org/en-US/firefox/new/
Safari:
http://www.apple.com/safari/
Chrome:
http://www.google.com/chrome