Закани на интернет


zakani na internet

        Добро e да се знае…

    check alt
    Заканите од интернет се секогаш присутни, а ние треба да ги препознаеме и да се заштитиме од нив
     
    check alt
    Најдете го најдобриот начин за да се заштитите од заканите на Интернет
     

Интернетот е моќна и корисна алатка, но исто како што не треба да возите автомобил без сигурносен појас или да возите велосипед без кацига, не треба да се вклучувате на Интернет без да превземете мерки на претпазливост.

Доброто е во тоа што има ефективни начини за да се заштитите и притоа да ги уживате огромните придобивки на Интернетот. Учењето за некои постојни закани ќе ви помогне да имате побезбедно и посреќно Интернет искуство.

Вируси

Вирусите се штетни програми кои можат да бидат пренесени на различни начини. Иако меѓусебно се разликуваат во многу нешта, сите се дизајнирани да се шират од еден компјутер на друг преку Интернет и да предизвикаат хаос. Најчесто, тие се дизајнирани да му овозможат на криминалецот кој ги дизајнирал некој вид на пристап до инфицираните компјутери.

Спајвер

Термините “spyware” или “adware” се однесуваат на неколку различни технологии. Двете клучни работи кои треба да се знаат за нив се:

  • тие можат да се спуштат на Вашиот компјутер без Ваша дозвола (кога посетувате небезбедна веб-локација или преку прикачена датотека) и
  • тие можат да направат Вашиот компјутер да прави работи што вие не сакате да ги прави. Тоа едноставно може да биде како отворање на реклама која не сте сакале да ја видите. Во најлош случај, спајверот може да ги следи Вашите активности на Интернет, да ги украде Вашите лозинки и компромитира Вашите сметки.

Ботнет

Ботнет е колекција од голем број на компјутери, чија сигурносна заштита е пробиена и на нив се извршува малициозен (штетен) софтвер. Ботнетите станаа вистинска закана на Интернет. Најчесто, луѓето, чии компјутери се контролирани од страна на ботнет, воопшто не знаат дека се инфицирани. Криминалците ги користат овие армии од инфицирани компјутери за да напаѓаат веб-страници, поплавувајќи ги со огромни количества на сообраќај или ги користат како машини за испраќање на спамови. Овие напади можат да уништат компании, па дури и цели земји во некои случаи. Жртвите фатени во ботнет, исто така, можат да бидат предмет на кражба на идентитет.

 

Previous Заштитете ги вашите уреди

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.