
За да ги заштитите податоците на Вашите клиенти Вашиот компјутерски систем треба да биде целосно заштитен. Најдобрите правила за заштита во светот нема да го заштитат клиентот, ако Вашата мрежа и ресурси се изложени на ризик.
За заштита на Вашата мрежа и компјутерски систем потребно е да се направат чекорите за заштита на еден компјутер.
Користете софтвер за заштитен ѕид на Вашиот систем. Добар софтвер за заштитен ѕид ги чува криминалците надвор од чувствителните податоци во системот.
Инсталирајте и одржувајте софтвер за антивирус. Компјутерските вируси можат да ги украдат и да ги оштетат податоците на Вашите клиенти. Инсталирајте добар софтвер за антивирус на сите Ваши компјутери и бидете сигурни дека редовно се ажурира.
Инсталирајте и одржувајте антиспајвер софтвер. Ако имате ажуриран и добар антиспајвер софтвер, тој ќе ве заштити Вас и Вашите клиенти од најголемиот дел на овој вид закани.
Користете филтри за спам. Спамот може да носи штетен софтвер и фишинг напади чија цел се конкретно компании. Добар спам филтер ќе блокира најголем дел од нив и ќе го направи Вашиот систем за електронска пошта побезбеден и полесен за користење.
Ажурирањата на Вашиот оперативен систем и софтверот кој го користите за Вашето деловно работење често затвора сериозни безбедносни дупки. Подесете го Вашиот софтвер да прави автоматско ажурирање или сами симнувајте ги и инсталирајте ги надградбите редовно.