
Вашите клиенти сметаат на Вас кога се работи за заштита на нивните лични информации. Никогаш нема свесно да ги ставите на ризик, но недостатокот на компјутерска безбедност може токму тоа да го направи. Може да ги загрози осетливите информации на Вашите клиенти и да ги изложи на напади. Ако Вашата компанија има веб страница, комуницирате со клиенти преку електронска пошта или чувате информации на клиентите во електронска база на податоци, може да ги изложите на ризик ако не превземете соодветни мерки.
Со следење на неколку едноставни практики можете да се заштитите од скапи и опасни напади на податоците и на клиентите да им ја овозможите довербата која ја заслужуваат.