Користете сигурни безжични мрежи


koristete sigurni bezicni

        Добро e да се знае…

    check alt
    Користете WPA или WPA2 енкрипција при користење на безжични мрежи
     
    check alt
    Користете силни лозинки за безжичните пристапни точки
     
    check alt
    Сменете го Вашето SSID (Service Set Identification) име
     

Без заштита, Wi-Fi (безжичните) мрежи се ранливи

Wi-Fi мрежите се подложни на прислушување, хакирање и искористување.

Зошто треба да се заштитат безжичните мрежи?

Безжичните мрежи, кои се познати и како Wi-Fi или 802.11 мрежи, им дозволуваат на компјутерите да комуницираат меѓусебно со користење на радио врска слично на безжичните телефони.
Како и секоја радио трансмисија, секој во опсегот може да го прими сигналот или да испраќа на истата фреквенција. Ова значи дека безжичните фреквенции имаат ризик од:

  • Прислушување – слушање на информации при нивен пренос низ воздухот. Ова значи дека информациите на мрежата мора да бидат енкриптирани.
  • Хакирање – Секој во опсегот може да се поврзе до мрежата. Ова значи дека мрежата мора да биде ограничена на доверливи корисници и компјутери.
  • Неовластено користење – кога се користи безжична мрежа за споделување на широкопојасна Интернет конекција, постои ризик неовластени корисници да ја користат Ваштата конекција без дозвола.

Проблемот е што, поголемиот дел од безжичната мрежна опрема, кога ќе ја купите, не е заштитена од овие закани, со цел да биде полесна за поставување. Ова значи дека ќе треба самите да ја исконфигурирате мрежата за да биде безбедна.

Како да ја заштитите безжичната мрежа

Иако Wi-Fi стандардите дефинираат работи како што се енкрипција и контрола на пристап, начинот на кој се подесуваат зависи од производител до производител. Ова значи дека може да се сугерира само што треба да се направи, а не како да се направи. Значи, Вие ќе мора да се придржувате до документацијата која сте ја добиле со Вашата опрема за да ги подесите овие безбедносни параметри.

  • Користете енкрипција. WPA (Wi-Fi Protected Access) или WPA2 (Wi-Fi Protected Access II) се најдобри. Доколку немате можност (на пример, ако имате постари пристапни точки (access points) и мрежни картички, користете WEP.
  • Сменете го Вашето SSID (Service Set Identification) име. За да ја заштитите Вашата безжична мрежа, треба да го смените SSID името во нешто што не би ве открило дека Вие сте сопственик на мрежата.
  • Користете силни лозинки за безжичните пристапни точки за да можете да го контролирате администраторскиот пристап.
  • Конфигурирајте го MAC (Media Access Control) филтерот, така што ќе го ограничите пристапот во Вашата безжична мрежа само за одреден број на компјутери.

Исто така, земете го во предвид следново:

  • Користете пристапни точки (access points), а избегнувајте користење на безжична ad-hoc мрежа. Пристапните точки ви овозможуваат поголема контрола.
  • Осигурете се дека секој компјутер на мрежата има заштитен ѕид (firewall).
  • Користете ги јавните пристапни точки со внимание.
  • Ограничете го безжиниот пристап во оние часови кога најверојатно ќе го користите.

 

Previous Вируси и спајвер

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.