Добро e да се знае…
Вирус е датотека напишана со единствена намера да прави штета, или за криминални активности.
Црв (worm) може да ги искористи безбедносните слабости за да се шири автоматски на други компјутери преку мрежа.
Тројански коњ (или “Тројанец”) е апликација која е наизглед безопасна, но крие малициозни функции.
Вирусите може да им наштетат на перформансите на компјутерските системи или да им наштетат на податоците. Некои од нив може се забележат од самиот корисник, но многу од нив работат во позадина и се незабележани од страна на корисникот. Вирусот може да биде дизајниран, така да може сам да се реплицира.
Спајвер (шпионски софтвер) е вид на вирус кој е специјално дизајниран да украде информации за вашата активност на компјутер. Целите на спајверот се главно измама и финансиска добивка. Спајверот може да изврши голем број на нелегални активности, како креирање на реклами или кражба на информации за најава на Вашата банкарска сметка. Спајверот исто така може самостојно да се реплицира.
Потенцијално еден вирус може да пристигне на Вашиот компјутер во облик на Тројанец, самиот да се реплицира, потоа да се пренесен на друг компјутер (како црв) и притоа да има малициозни функции како спајвер.
Ризици
Вирус или спајвер може да го нападне Вашиот компјутер преку користење на следните средства:
- Отворање на заразен додаток (attachment) од порака за е-пошта како на пример .exe датотеки.
- Отворање на заразени датотеки од веб сајтови за онлајн делење на фајлови, како на пример YouSendIt и Dropbox.
- Посета на корумпирани веб-сајтови.
- Преку сурфање на интернет, незабележано од страна на корисникот (пример за ова се црви – worms).
- Макроа во документите за канцелариско работење (обработка на текст, табеларни пресметки и др.)
- Уреди поврзани на компјутер преку USB порта (на пример мемориски стикови, надворешни хард дискови, MP3 плеери).
- CD-а/DVD-а.
Вирусите и шпионските софтвери може да предизвикаат сериозни последици, вклучувајќи:
- Кражба на идентитет
- Измама
- Бришење, кражба и оштетување на податоци
- Бавен или неупотреблив компјутер
Антивирусен софтвер
Многу важно е антивирусниот софтвер постојано да е активен и навремено ажуриран со цел да обезбеди комплетна заштита. Илјадници нови вируси се откриваат секоја година, да не зборуваме за варијанти на нови и постоечки. Секој од нив има множество на карактеристики или ’потписи’ што им овозможува на производителите на анти-вирусен софтвер да ги откријат и потоа да издадат соодветни надградби за нивно препознавање и чистење.
Повеќето анти-вирусни софтвери автоматски и редовно ги превземаат овие надградби од интернет (надградбите понекогаш ќе ги сретнете и како дефиниции).
Анти-вирусниот софтвер скенира/проверува појава на нови вируси на повеќе начини:
- Преку проверка на пораките од е-меил за прикачен вирус
- Го надгледува креирањето и отворањето на датотеки за да провери дали се заразени со вируси
- Врши периодична проверка на датотеките на вашиот компјутер
Некои анти-вирусни софтвери ги проверуваат и уредите приклучени преку USB порта, при нивното приклучување на компјутер.
Анти-вирусен софтвер нема да ве заштити од:
- Спам
- Било која измама или криминална активност што не е иницирана од вирус
- Хакер кој се обидува да пристапи преку интернет во вашиот компјутер
Анти-вирусниот софтвер не е ефективен доколку е исклучен или не е навремено ажуриран.
Како да го одберете најдобриот антивирус/антиспајвер софтвер
За лична и домашна употреба постојат голем број на софтверски пакети кои можат да се разгледат пред да се одлучите кој од нив ќе го купите:
- Пакет или самостоен антиспајвер софтвер. Повеќето антивирус/антиспајвер софтверски компании продаваат програма со која само се скенираат вируси, но има и такви кои продаваат цел пакет за безбедност кој вклучува и заштитен ѕид (firewall), спам филтер, антиспајвер и контроли за родителски надзор. Купувањето на цел пакет е поисплатливо, отколку купување на секоја компонента за заштита поединечно.
- Бесплатен антивирус/антиспајвер софтвер. Постојат голем број на антивирус/антиспајвер производи кои се бесплатни за лична или некомерцијална употреба. Во повеќето случаи, овие “бесплатни” производи се нецелосни верзии, за кои производителот се надева дека корисникот ќе ги надополни во иднина. Бесплатната верзија е со намалени функционалности на производот и корисникот нема техничка поддршка.
- Антивирус/антиспајвер софтвер за компании. Најчесто антивирус/антиспајвер софтверите и безбедносните интернет пакети покриваат до три компјутери. Компаниите треба да го земат ова во предвид и да земат пакети кои ќе им овозможат инсталација на повеќе компјутери.
- Windows Defender е софтвер кој е вклучен во Windows Vista и Windows 7 и е бесплатно достапен за Windows XP и Windows Server 2003. Овој продукт на Microsoft е дизајниран да го заштити оперативниот систем од спајвер. Во минатото беше познат како Microsoft AntiSpyware.
Некои производители обезбедуваат безбедносен софтвер заедно со компјутерот. Вие не морате да го користите тој безбедносен софтвер, но ако се одлучите да го задржите, не заборавајте да се претплатите откако ќе помине бесплатниот период за да софтверот ви биде ажуриран.
Каде да набавите антивирус/антиспајвер софтвер
Антивирус/антиспајвер софтвер и интернет безбедносните пакети се достапни за купување од различни продавници и онлајн трговци, како и од сопствени веб-сајтови на софтвер производители. Кога купувате од продавница нормално е прво да го инсталирате софтверскиот пакет, а потоа да ги превземете сите надградби преку интернет. Кога купувате онлајн, вие автоматски ја превземата најновата верзија која ги вклучува сите надградби.
Заштита од вирус и спајвер
Независно од инсталацијата на антивирус/антиспајвер и постојаното ажурирање на софтверот, ние препорачуваме и други начини со кои можете да го заштитите вашиот компјутер. Како и да е, превенцијата секогаш е подобра од лекувањето.
- Не отварајте датотеки прикачени на е-маил од непознати, сомнителни или неверодостојни извори.
- Деинсталирајте ја антивирус програмата пред да инсталирате друга.
- Бидете внимателни со USB поврзани уреди (на пример, мемориски стикови, надворешни хард дискови, MP3 плеери), затоа што тие многу често се носители на вируси.
- Бидете внимателни со CD/DVD, тие исто така можат да содржат вируси.
- Не отворајте датотеки од веб-базирани софтвери за делење на датотеки (на пр. Yousendit, Dropbox), кои биле поставени од непознат, сомнителен или неверодостоен извор.
- Вклучете макро заштита во Microsoft Office апликации, како Word и Excel.
- Купувајте само реномиран софтвер од реномирани компании.
- Кога симнувате бесплатен софтвер, правете го тоа со голема претпазливост.
Дознајте повеќе за: