Добро е да се знае…
Користењето на компјутери, паметни телефони или таблети на јавни места, денес, е вообичаено исто како нивното користење дома или во канцеларијата. Без разлика дали користите Ваш уред или јавни компјутери, ако не превземете соодветни заштитни мерки постојат голем број ризици.
Ризици
- Одредени луѓе можат да овозможат пристап до вашата online активност ако користите несигурна или нелегална безжична мрежа.
- “Сурфање преку рамо” – луѓе кои го набљудуваат вашиот екран.
- Штетен софтвер, вклучувајќи го шпионскиот софтвер, на јавните комјутери.
- Кражба на лични информации или пристап до историјата на пребаруваење на јавните компјутери.
Заштитете се себеси
Главен безбедносен ризик, поврзан со користењето на Ваш сопствен уред на јавно место, е тоа што WiFi мрежата може да не е сигурна, овозможувајќи неовластени луѓе да добијат пристап до она што го правите online. Ова може да вклучува превземање на Вашата лозинка и читање приватни e-mail пораки. Ова може да се случи ако конекцијата меѓу вашиот уред и WiFi мрежата не е кодирана или ако некој создаде лажно hotspot место кое ќе Ве измами да мислите дека тоа е она вистинското.
При кодирана конекција, од Вас ќе биде побарано да внесете клуч, или едноставно од Вас може да биде побарано да се логирате за да ви се овозможи интернет пристап. Ова ќе го извести операторот дека сте online во нивниот кафе ресторант или хотел.
Безбедни јавни WiFi мрежи
- Ако не користите сигурна веб-страница, не испраќајте и не примајте приватни информации кога користите јавна WiFi мрежа.
- Кога сте во можност, користете добро познат, комерцијален hotspot провајдер како што се T-Mobile, Vip или One.
- Бизнисмените кои имаат потреба да пристапат до нивната корпорациска мрежа треба да користат сигурна, кодирана Виртуелна Приватна Мрежа (VPN).
- Осигурете се дека имате ажуриран antivirus/antispyware софтвер и firewall на вашиот уред пред да користите јавна WiFi мрежа.
- Не го оставајте Вашиот компјутер, паметен телефон или таблет без надзор.
- Внимавајте кој е околу Вас и дали некој ве прати што правите додека сте online.
Користење на јавни компјутери
- Избегнувајте финансиски трансакции кои можат да откријат лозинки или лични информации како што се броеви на кредитни картички.
- Ако можете, користете доверлив веб-базиран програм за детекција на шпионски софтвер кој ќе направи проверка пред користењето на јавниот компјутер.
- Ако користите Интернет, користете ги алатките на пребарувачот за да ги избришете датотеките и историјата на пребарување.
- Заштитете ги лозинките кои ќе ги користите преку менито за приватно пребарување (Private Browsing) на пребарувачот. Ако не сте сигурни, одберете ја можноста за помош на пребарувачот.
- Сменете ги лозинките кои сте ги користеле на јавен компјутер штом ќе се вратите дома.
- Ако користите webmail сметка, како што се Gmail, Hotmail или Yahoo! за да ја прочитате вашата електронска пошта, осигурајте се дека користите безбеден веб линк. По завршување на активноста задолжително одјавете се и избришете го историјатот од прегледувачот.
- Користете преносни апликации и преносен пребарувач. Апликации како што се веб пребарувач, е-маил клиенти, пакети за канцелариско работење и слично можете да ги инсталирате на флеш меморија и да ги носите со Вас. Бидејќи овие апликации не се инсталираат на компјутерот и сите придружни информации се запишуваат на флеш меморијата, тие се одлична можност за заштита на Вашите податоци.
- Не ги оставајте превземените и новокреираните датотеки на хард дискот. Иако едноставно со Shift+Delete ќе ги избришете податоците, сепак за да бидете сигурни дека никој не може да пристапи до нив тогаш користите софтвер за целосно уништување датотеки.
Дознајте повеќе за:
- Портабилни апликации кои не запишуваат податоци на јавен компјутер
- Портабилен пребарувач
- Софтвер за бришење на симнати или ново креирани датотеки