
Добро e да се знае…
Кога користите интернет, многу често од вас се бара најпрво да прифатите Услови и правила (Terms and Conditions) пред да продолжите со онлајн купување, банкарство или превземање на датотеки.
Прифаќањето на Условите и правилата значи дека најпрво сте ги прочитале. Повеќето од нас не го прават тоа, најчесто бидејќи текстот е премногу долг, или претпоставуваат дека овие услови се легитимни.
Важно е да се знае дека прифаќањето на Условите и правилата е всушност правно-обврзувачи договор, па затоа во Ваш интерес е да ги имате прочитано и да сте запознаени со нив. На овој начин ќе се осигурате дека понатамошното користење на овие услуги ви одговара, т.е. е во согласност со вашите интереси и правилата на понудувачот на услугите.