Соопштение за достава на стандардни претплатнички договори
Се известуваат сите оператори, нотифицирани во службената евиденција на Агенцијата за електронски комуникации дека имаат обврска да достават до Агенцијата на одобрување најдоцна до 05.04.2015 година, стандарден претплатнички договор усогласен со одредбите од Законот за електронските комуникации (Службен Весник на РМ бр.39/2014, 188/2014 и 44/2015) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации ("Службен весник на Република Македонија" број 16/2015) за услугите за кои се нотифицирани. Повеќе
Барање за решавање на спор меѓу крајни корисници и оператори
Поднесете електронски Барање за решавање спор меѓу крајни корисници и оператори на новиот портал на АЕК e-agencija.aek.mk
Измерени параметри за квалитет на јавни електронски комуникациски услуги
Национален извештај за параметри за квалитет на јавни електронски комуникациски услуги