Select Page

Дигиталната терестријална телевизија (DVB-T) во Република Македонија започна да се емитува од ноември, 2009 година.

Во Република Македонија има три оператори за пренос на терестријални телевизиски програмски сервиси преку DVB-T платформа и тоа:
–          ЈП Македонска радиодифузија (се пренесуваат програмите на јавниот македонски радиодифузен сервис – МТВ1, МТВ2, Собраниски канал и МТВ HD);
–          ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА  ДООЕЛ Скопје БООМ ТВ (се пренесуваат комерцијални телевизиски програмски сервиси);
–          ОНЕ.ВИП ДОО Скопје (се пренесуваат програмите на националните и регионалните телевизии кои се емитуваат бесплатно).

Агенцијата за електронски комуникации согласно Законот за електронските комуникации има надлежност да врши мерење на покриеноста на територијата на Република Македонија со дигитална телевизија како и квалитетот на услугата која што се дава.

DVB-T мерењата се вршат согласно ITU-R препораката SM.1875-2 (08/2014) и Правилникот за параметри за кавалитет на јавните електронски комуникациски услуги, начинот и постапката за вршење на контрола и мерење, содржината, формата и начинот на објавување на информации.

Процедура која што се користи за  мерење на покриеност содигиталната телевизија :
–       мерењата се вршат на фиксни точки на висина од 10м со омнинасочена антена
–       точките за мерење се избираат така што да нема директна препрека (објект, дрво и др.) во непосредна близина односно да има директна видливостсо предавателната точка доколку теренот го дозволува тоа
–       во градовите се врши мерење на DVB-T сигнал на повеќе фиксни точки распределни во мрежа од 500mx500m
–       во малите населени места (села) мерењето се врши во една фиксна точка или во повеќе од една точка доколку се работи за поголемо населено место
–       при мерењето се снимаат следните параметри:

  • фреквенциски канал SFN
  • јачина на поле – ниво на сигнал (Е)
  • MER (modulation ratio rate)
  • BER ( Bit Error Rate)
  • CBER (BER Before Viterbi)
  • VBER (Channel Bit Error Rate)
  • можност за демодулација

–       Резултатите од мерењата се прикажуваат по оператор и територија.

Критериуми за покриеност:
–        Добар сигнал (Е ≥ 56 dBµV/m и BER ≤ 2*10-4) – темно сина боја
–        Задоволителен сигнал (Е ≥56 dBµV/m и BER > 2*10-4) – светло сина боја
–        Нема покриеност (Е < 56 dBµV/m) – црвена boja