Заштитете си го идентитетот


        Добро e да се знае…

    check alt
    Заштитете ги Вашите лични податоци кои ги имате на хартија и онлајн.
     
    check alt
    Ако мислите дека сте жртва на кражба на идентитет, веднаш пријавете го проблемот до соодветните институции.
     
    check alt
    Не споделувајте лични информации со луѓе во кои немате доверба.
     

Кражбата на идентитетот често се користи како метод за извршување на криминални активности. Вклучува неовластено користење на Вашето име и лични податоци кои можат да ги искористат за да ве ограбат или да извршат криминал во Ваше име. Кражбата на идентитетот може да биде изведена онлајн, физички со користење на испечатени документи, или со комбинација од двете.

Ризици

  • Можете да бидете измамени при откривање на лични податоци во одговор на e-mail порака, текст, писмо или телефонски разговор.
  • Кражба или пристап до документи на хартија (на пример: банкарски извештаи, сметки за комунални услуги, даночни пријави, пасош, возачка дозвола и сл.).
  • Споделување на лични информации со семејството, пријателите и луѓе кои имаат доверба во Вас.
  • „Сурфање преку рамо“ – луѓе кои гледаат во Вашиот компјутер, паметен телефон, таблет или банкомат.

Симптоми

  • Ако не добивате сметки или други потврди – сугерира дека најверојатно криминалецот дал друга адреса.
  • Ако добиете кредитна картичка за која не сте аплицирале.
  • Примање повици од луѓе кои собираат долгови или компании во врска со работи кои не сте ги купиле.
  • Непрепознатливи записи во историјата на вашите кредитни активности.
  • Ако неодамна сте изгубиле или Ви украле важни документи, како што се пасош или возачка дозвола.
  • Кога купувате или продавате, добивате поплаки за неиспорачување или непалќање за производи кои не Ви се познати.
  • Ако гледате записи на Вашите банкарски, кредитни или извештаи од продавници за производи кои не сте ги купиле или нарачале.
  • Ако не можете да се најавите на страницата со Вашата лозинка (бидејќи криминалецот се најавил во Ваше име и ја сменил).

Превенција

  • Не споделувајте информации во врска со Вашите сметки со пријателите, семејството и други луѓе.
  • Секогаш имајте ефективен и ажуриран антивирус и антиспајвер софтвер на вашиот уред преку кој пристапувате на интернет.
  • Ако е можно, користете дигитални сметки и извештаи.
  • Документите со чувствителни информации чувајте ги на сигурно и уништете ги оние кои повеќе не Ви требаат.
  • Никогаш не откривајте приватни податоци при одговор на е-меил порака, текст, писмо или телефонски повик ако не сте сигурни дека барањето е од сигурен извор.
  • Секогаш внимавајте на луѓе кои гледаат преку вашето рамо кога внесувате лични податоци на компјутер, паметен телефон, таблет или банкомат.

Што да направите ако Вашиот идентитет е украден?

  • Реагирајте веднаш со цел да ги минимизирате последиците од кражбата.
  • Контактирајте со засегнатите веб-страници и известете ги за проблемот.
  • Ако можете, најавете се и сменете ја вашата лозинка веднаш со друга силна лозинка.
  • Ако не можете да се најавите, веднаш контактирајте со одделот за техничка поддршка на веб-страницата за совет.
  • Побарајте совет во Вашата банка или компанијата за кредитни картички (на пример: во врска со смрзнување на сметките и добивање нови картички, лозинки или PIN броеви).
  • Сменете ја вашата лозинка на другите веб-страници во случај и тие да се компромитирани.
  • Ако за пристап на веб-страницата Ви се бара тајно прашање, сменете го ако можете за да избегнете повторување на инцидентот.
  • Проверете ги другите Ваши лични информации, како што се адресите, за да се осигурате дека се сеуште точни.
  • Проверете ги другите трансакции од Вашата сметка, производи во продажба или купени производи во Ваше име кои не сте ги иницирале и откажете ги.
  • Пријавете ги сите изгубени или украдени документи (пасоши, возачки дозволи, кредитни картички и сл.) најбрзо што можете кај соодветните органи.

 

Previous Пребарување на интернет

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.