Вашата приватност на интернет


        Добро e да се знае…

    check alt
    Не откривајте лични информации кога тоа не е неопходно
     
    check alt
    Бидете претпазливи кога оставате лични податоци на социјалните мрежи.
     
    check alt
    Не користете службена е-меил адреса за лична употреба.
     

Чувањето на приватноста додека сте на интернет е од големо значење за избегнување на кражба на идентитет и измами. Покрај овие ризици постојат и други ризици за Ваши лични информации кои несомнено не би сакале да им бидат откриени на други луѓе.

Многу е лесно да ги откриете Вашите лични информации онлајн, особено кога тоа од Вас ќе биде побарано преку е-меил порака, преку социјалните мрежи или преку веб-страните на компаниите. Многу често компаниите од вас бараат информации кои не им се неопходни за да соработуваат со Вас.

Покрај тоа, некои организации чуваат информации во врска со Вас за да Ви овозможат да вршите трансакции со нив. Такви се финансиски институции – како банки и осигурителни компании, трговци и сл. При собирање на Вашите податоци, сите тие се предмет на Законот за заштита на лични податоци. Добро е и Вие да се информирате кои податоци претпријатијата и институциите смеат да ги побараат од вас.

Ризици

  • Кражба на идентитет
  • Уцена/Изнуда
  • Клевета на личност
  • Продажба и маркетинг кои не се побарани од Ваша страна
  • Луѓе кои ќе го искористат познавањето на вашите активности и потези за да делуваат против Вас
  • Искористување на Вашите информации од страна на работодавците

Како може да биде компромитирана Вашата приватност?

  • Е-меил пораките кои не се енкриптирани, како и интеракцијата со повеќето веб-страници може да биде надгледувана, од страна на Вашиот работодавач и Вашиот Интернет Сервис Провајдер.
  • Користење на небезбедни WiFi мрежи во домот, на работа или на јавни места.
  • Користење на линкови за доверлива комуникација кои не се енкриптирани (на пример ако не користите VPN за да се поврзете со вашата канцеларија кога сте надвор од неа).
  • Ако не користите безбедни веб-страници кога работите со банкарство или плаќате онлајн.
  • Ако не користите силни лозинки, не ги менувате редовно, не користите лозинки воопшто или ги откривате на други луѓе.
  • Ако не користите безбедна е-меил или вебмеил сметка.
  • Користење на службенa е-меил сметка за приватни е-меил пораки
  • Ако не се одјавувате од веб-страници или е-меил сметки, а компјутерот/уредот може да го користат и други
  • Преку шпионски софтвер и вируси, вклучувајќи ги оние кои прават лог на пишувањето на тастатурата со што ја гледаат Вашата онлајн активност.
  • Преку физички логери за Вашите вкуцувања од тастатурата кои се прикачени на кабелот на тастатурата.
  • Ако личните и финансиските документи не ги чувате на сигурно место.
  • Ако не ги уништувате непотребните лични и финансиски документи.
  • Ако лесно им верувате на луѓето.

Одржување на Вашата приватност

  • Бидете сигурни дека секогаш имате ефективни и ажурирани антивирус и кориснички софтвери на Вашиот уред.
  • Кога сте на работното место проверете дали на Вашиот компјутер има приклучени невообичаени уреди, особено на кабелот на тастатурата.
  • Користете сигурни веб-страници кога купувате онлајн.
  • Користете силни лозинки, менувајте ги Вашите лозинки редовно и никогаш не ги откривајте на други луѓе.
  • Избегнувајте да користите службена е-меил адреса за лична употреба.
  • Бидете сигурни дека Вашата WiFi мрежа дома и во канцеларијата е сигурна.
  • Чувајте ги Вашите лични и финансиски документи на сигурно место.
  • Уништете ги непотребните лични и финансиски документи.
  • Бидете внимателни кому ги откривате Вашите лични информации.
  • Кога сте во можност, избегнувајте да го користите Вашето вистинско име за онлајн комуникација со непознати.
  • Бидете внимателни со кого станувате пријател на социјалните мрежи.
  • Бидете внимателни со откривањето на лични информации на сопствената или веб-страницата на компанијата.
  • Користете анонимна е-меил адреса при регистрација на веб-страници кои бараат Ваша е-меил адреса.
  • Составете читко упатство за децата кога и како можат да откриваат лични информации.

Дополнителни информации

Повеќе информации во врска со заштитата нa личните податоци можете да најдете на веб сајтот на Дирекција за заштита на лични податоци http://www.dzlp.mk

 

Previous Роаминг

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.