Добро e да се знае…
Социјалните мрежи како Facebook, MySpace, Twitter, Google+ и Linkedln станаа екстремно популарни во последниве години, како кај децата, така и кај возрасните. Тие се одличен начин да останете во контакт со Вашето семејство и пријатели, но треба да бидете внимателни колку лични податоци и информации ќе споделите.
Параметрите за приватност и безбедност постојат со причина
Научете ги и користете ги параметрите за приватност и безбедност на социјалните мрежи. Тие се тука да ви помогнат да контролирате што споделувате и да управувате со Вашето онлајн искуство на позитивен начин.
Еднаш споделено, споделено засекогаш
Заштитете ја Вашата репутација на социјалните мрежи. Тоа што ќе го споделите, останува. Помислете два пати пред да споделите фотографија која не би сакале да ја видат Вашите родители или идни работодавачи. Последните истражувања укажуваат дека 70% од работодавачите ги одбиваат кандидатите според нивните информации пронајдени на Интернет.
Чувајте ги личните информации
Бидете внимателни колку лични информации откривате на страниците на социјалните мрежи. Колку повеќе информации поставувате, толку полесно ќе биде за хакер или некој друг да ја искористи таа информација за да го украде Вашиот идентитет, да пристапи до Вашите податоци, или да изврши други криминални дејства.
Заштитете го Вашиот хардвер
Безбедноста и сигурноста започнуваат со заштита на самите компјутери. Инсталирајте сигурносен пакет (антивирус софтвер, антиспајвер софтвер и заштитен ѕид) кој е подесен да се ажурира автоматски. Ажурирајте ги и Вашиот оперативен систем, веб пребарувачот и останатиот софтвер редовно и правете резервни копии (backup).
Бидете претпазливи со Вашите пријатели
Социјалните мрежи може да се користат за различни цели. Дел од забавата е создавање на голема група пријатели од многу аспекти од Вашиот живот. Тоа не значи дека сите пријатели се исти. Користете алатки за управување со информациите кои ги споделувате со пријателите во различни групи. Ако се обидувате да креирате јавна персона како блогер или експерт, креирајте отворен профил и страница на обожаватели која овозможува широко учество и ги ограничува личните информации. Користете го личниот профил за Вашите вистински пријатели (оние на кои им верувате) да бидат во тек со Вашето секојдневие.
Бидете искрени ако се чувствувате непријатно
Ако некој пријател објави нешто за Вас што ве прави да се чувствувате непријатно или Вие мислите дека е несоодветно, дајте им до знаење. Исто така, бидете отворени ако некој пријател Ви се обрати за нешто што сте го објавиле и тоа прави да се чувствува непријатно. Луѓето имаат различно ниво на толеранција за тоа до колкав степен можат да дозволат светот да знае за нив и тие разлики треба да се почитуваат. Објавувајте за другите само онолку колку што би сакале тие да објават за Вас.
Треба да знаете што да превземете
Ако некој ве малтретира или ви се заканува, отстранете го од листата на пријатели, блокирајте го или пријавете го до администраторот на страната.
Користете силни лозинки
Користете лозинки кои се долги, комплексни и се комбинација од букви, бројки и симболи. Во идеален случај, треба да имате различна лозинка за секоја онлајн сметка што ја имате. Ако имате потреба лозинката некаде да ја запишете, направете го тоа надвор од Вашиот компјутер.
Бидете внимателни со пораките кои ги добивате на социјалните мрежи кои содржат линк
Дури и линковите кои личат дека доаѓаат од пријатели може понекогаш да содржат штетен софтвер или да бидат дел од напад (обиди за собирање на лични информации: лозинка и корисничко име и други идентификациски информации, на тој начин што личи дека се пораки од пријател или компанија со која соработувате). Ако се сомневате, не го селектирајте линкот пред да го проверите.