
Ризиците со кои компјутерската мрежа на Вашата компанија се соочува зависат од различни фактори, вклучувајчи ги информациите кои ги собирате, големината на мрежата и бројот на вработени кои пристапуваат до Вашата мрежа. Првиот чекор е да се направи сеопфатна проценка на ризикот, со цел да се идентификуваат начините на кои сте најранливи од онлајн закани. За оваа активност пожелно е да ангажирате експерт за компјутерска и информациска безбедност.
Кога експертот за компјутерска безбедност ќе ја направи анализата, проценката на ризикот ќе ви овозможи да ја измерите веројатноста за низа од закани како и финансискиот и репутацискиот удар на секоја од нив. Статистички базираната проценка на ризикот ќе ви овозможи да направите приоритетни листи од ранливостите на Вашата мрежа и да ги идентификувате решенијата што треба да ги имплементирате. Проценката на ризикот треба секогаш да биде во согласност со Вашата бизнис стратегија.