Пребарување на интернет

        Добро e да се знае…

    check alt
    На пребарувачот можете да поставите филтри за пребарување.
     
    check alt
    Не секоја информација која е објавена на интернет е веродостојна.
     
    check alt
    При пребарување користете точни називи, за да добиете што поточни резултати.
     

Користењето на пребарувачи како Google и Yahoo! е наше секојдневие. Покрај погодностите за брз пристап до бараните информации, користењето на пребарувачи носи и некои ризици.

Ризици

  • Изложеност на навредлив или нелегален материјал.
  • Понудувачите на услуги за пребарување имаат увид во вашите активности, интереси и навики.

Пребарувајте сигурно

  • Научете како се користат филтри при пребарување. До нив се пристапува најчесто преку опции како ‘Advanced Search’, ‘Settings’ или слично наречени линкови достапни на веб страната на пребарувачот. Некои филтри и пребарувачи ги помнат вашите поставки од претходни сесии на пребарување. Проверете кои филтри се вклучени.
  • Некои пребарувачи користат страници за предупредување за да ве предупредат дека ќе добиете резултати што може да содржат потенцијално штетни материјали. Пребарувачот нема да го спречи пристапот до страницата, но ќе ви овозможи да донесете информирана одлука и согласност за пристап до информацијата што ве интересира.
  • Друг начин за заштита од навредливи или нелегални содржини е преку инсталација на посебен софтвер за филтрирање.
  • Користете точни називи и термини при пребарувањето (зборови и фрази) со цел да добиете најточни резултати и да избегнете погрешни или несакани резултати и погрешни линкови.
  • Запомнете дека не секоја информација објавена на интернет е веродостојна и вистинита.
  • Запомнете дека некои пребарувачи се финансираат преку поставување на рекламни линкови и резултати како најсоодветни на Вашето пребарување. Ваквите линкови се често пропратени со зборови како „Ad“ или „Sponsored Results“ и најчесто се појавуваат на врвот од страницата со резултати од пребарувањето.

Што доколку наидете на нелегални материјали

  • Доколку наидете на материјал за кој сметате дека е нелегален, како слики со злоупотреба на деца или криминален материјал, пријавете во полиција.

Дознајте повеќе за:

 

Previous Користење на компјутер на јавни места

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.