Направете и спроведете сајбер-безбедносен план


sajber plan

Проценка на сигурноста на компјутерската мрежа ќе ви помогне да започнете со сајбер-безбедносен план со цел да се намалат најголемите ризици за Вашиот бизнис. Сајбер-безбедносниот план треба да биде развиен од страна на вработен кој има основно познавање од сајбер-безбедност.
Сеопфатен сајбер-безбедносен план треба да се фокусира на три клучни области:

  • Превенција. Треба да бидат дефинирани решенија, правила и процедури за да се намали ризикот од напади.
  • Решенија. Во случај на нарушување на безбедноста на одреден компјутер или дел од мрежа, треба да постојат планови и процедури за одредување на ресурси кои ќе се користат за отстранување на опасноста.
  • Обновување. Компаниите треба да бидат подготвени да се справат со последиците од заканите за безбедност со цел загубите кои ги трпи компанијата да се сведат на минимум.

 


Previous Проценете ги Вашите ризици

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.