Физичка сигурност


        Добро e да се знае…

    check alt
    Физичката сигурност на комјутерите и сите уреди на кои има податоци секогаш е на прво место
     
    check alt
    Размислувајте проактивно, направете план што ќе превземете во случај на некој инцидент со опремата и податоците
     
    check alt
    Правете резервна бекап копија на податоците на одредени временски интервали
     

Физичката сигурност е  важна исто колку и онлајн сигурноста. Обезбедете физичката сигурност за заштита на Вашите компјутери, Вашата работа и вработените. На оваа страница ќе најдете информации за заштита на Вашата опрема и податоци не само од кражба, туку и од пожар, поплава или случајно оштетување. 

Ризици 

Кражба на компјутери и податоци

Доколку Вашата компјутерска опрема не е соодветно заштитена, им овозможувате на криминалците на едноставен начин да украдат податоци или да ги инфицираат со вируси Вашите компјутери и мрежа без притоа да користат интернет пристап до опремата. Доколку немате имплементирано физичка контрола за пристап до опремата и податоците, сеуште наједноставен начин за пристап до Вашите податоци е преку физички пристап до компјутерската опрема.

Друг чест начин за физички пристап до Вашата опрема е преку лажно преставување на крадецот – на пример како сервисер на фотокопир или како доставувач на хартија за печатење. Ваквото лажно преставување, доколку е успешно, повторно ќе доведе до неовластен физички пристап до вашата опрема и податоци.

Физичко оштетување

Компјутерската опрема може да претрпи оштетување заради пожар, поплава или случајно оштетување. Последиците од оштетувањето не се однесуваат само на финансиски трошоци за поправка на опремата, туку и на губитокот или кражбата на осетливи информации и податоци што се запишани на оштетената опрема. Оштетувањето може да влијае и на нормалното функционирање на компанијата, заради што е добро да се има План за продолжување на работењето (Business Continuity Plan).

Сигурно чување на компјутерите

  • Чувајте ги заклучени вратите и прозорците.
  • Чувајте ги физичките копии на осетливите податоци заклучени во посебни ормари/сефови.
  • Инсталирајте алармен систем и контрола на пристап – со посебен код за секој вработен.
  • Поставете решетки на прозорците што се лесно пристапни.
  • Користете систем од камери за да ги обесхрабрите крадците и за снимање на инциденти со криминална активност.
  • Размислете за користење на кабли за заклучување на компјутерите.
  • Имајте против-пожарни апарати за електронска опрема, поставени во близина на компјутерката опрема.
  • Внимавајте каде ги фрлате кутиите од новата компјутерска опрема, со цел да не се рекламирате дека скоро сте набавиле нова опрема.
  • Консултирајте се со осигурителната компанија за дополнителни безбедносни совети.

Посетители и странки во вашата компанија:

  • Евидентирајте ги посетителите и спроведете ги до нивната дестинација во Вашата компанија.
  • Воведете ограничен пристап до просториите во кои има чувствителни информации, како серверска соба или записите на Човечки ресурси.
  • Информирајте ги вработените да го пријавуваат секое неовластено лице кај чуварската служба во компанијата.

Дополнителен совет за корисниците на лаптоп компјутери

  • Вработените треба да ги носат постојано со себе лаптопите и мобилните уреди. Доколку се остават без надзор, на пример во хотелска соба или на состанок – сокријте ги или заклучете ги.
  • Задолжително носете ги лаптопот или мобилниот уред во ташна при авионски или друг вид на превоз.
  • При патувања никогаш не ги оставајте на седиште.
  • Ташните за пренос треба да се обложени во внатрешноста. Многу лаптопи се оштетени само заради пренос во несоодветна чанта.

Сервери  и ИТ инфраструктура

  • Чувајте ги серверите и мрежната опрема во посебни заклучени простории со контрола на пристап.
  • Серверските и мрежните ормари задолжително да се заклучени со посебни брави и клучеви.
  • Оневозможете ги мрежните порти на свичевите што не се користат.
  • Имплементирајте соодветни системи за дојава и заштита од пожар, поплава и електрично оштетување, како и соодветен систем за климатизација на серверската соба.

Архивски хартиени записи

  • Користете заклучени ормари.
  • Воведете политика за уништување на непотребната хартија.
  • Користете политика за „чисто-биро“ со што вработените ќе ги заклучуваат осетливите податоци кога не ги користат.
  • Обучете ги вработените при печатење, веднаш да ги превземаат печатените документи од печатарот. Доколку можете, ограничете го печатењето преку лозинка за секој вработен.

Украдена или изгубена опрема

  • Доколку на украдениот или изгубен лаптоп или мобилен имате запишано лизнинки во датотека, веднаш променете ги сите.
  • Задолжително известете ја полицијата за кражбата.

Ограничете го влијанието на кражбата или губитокот на опрема и податоци

  • Евидентирајте ги сериските броеви на сите ИТ уреди што ги користиите и во случај на кражба наведете ги во полицискиот записник.
  • Никогаш не ги запишувајте лозинките на компјутер
  • Осигурете ја компјутеркста опрема од кражба и оштетување
  • Направете бекап заштитна копија од податоците и соодветно чувајте ја истата.
Previous Енкриптирајте ги податоците

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.