Добро e да се знае…
Физичката сигурност е важна исто колку и онлајн сигурноста. Обезбедете физичката сигурност за заштита на Вашите компјутери, Вашата работа и вработените. На оваа страница ќе најдете информации за заштита на Вашата опрема и податоци не само од кражба, туку и од пожар, поплава или случајно оштетување.
Ризици
Кражба на компјутери и податоци
Доколку Вашата компјутерска опрема не е соодветно заштитена, им овозможувате на криминалците на едноставен начин да украдат податоци или да ги инфицираат со вируси Вашите компјутери и мрежа без притоа да користат интернет пристап до опремата. Доколку немате имплементирано физичка контрола за пристап до опремата и податоците, сеуште наједноставен начин за пристап до Вашите податоци е преку физички пристап до компјутерската опрема.
Друг чест начин за физички пристап до Вашата опрема е преку лажно преставување на крадецот – на пример како сервисер на фотокопир или како доставувач на хартија за печатење. Ваквото лажно преставување, доколку е успешно, повторно ќе доведе до неовластен физички пристап до вашата опрема и податоци.
Физичко оштетување
Компјутерската опрема може да претрпи оштетување заради пожар, поплава или случајно оштетување. Последиците од оштетувањето не се однесуваат само на финансиски трошоци за поправка на опремата, туку и на губитокот или кражбата на осетливи информации и податоци што се запишани на оштетената опрема. Оштетувањето може да влијае и на нормалното функционирање на компанијата, заради што е добро да се има План за продолжување на работењето (Business Continuity Plan).
Сигурно чување на компјутерите
- Чувајте ги заклучени вратите и прозорците.
- Чувајте ги физичките копии на осетливите податоци заклучени во посебни ормари/сефови.
- Инсталирајте алармен систем и контрола на пристап – со посебен код за секој вработен.
- Поставете решетки на прозорците што се лесно пристапни.
- Користете систем од камери за да ги обесхрабрите крадците и за снимање на инциденти со криминална активност.
- Размислете за користење на кабли за заклучување на компјутерите.
- Имајте против-пожарни апарати за електронска опрема, поставени во близина на компјутерката опрема.
- Внимавајте каде ги фрлате кутиите од новата компјутерска опрема, со цел да не се рекламирате дека скоро сте набавиле нова опрема.
- Консултирајте се со осигурителната компанија за дополнителни безбедносни совети.
Посетители и странки во вашата компанија:
- Евидентирајте ги посетителите и спроведете ги до нивната дестинација во Вашата компанија.
- Воведете ограничен пристап до просториите во кои има чувствителни информации, како серверска соба или записите на Човечки ресурси.
- Информирајте ги вработените да го пријавуваат секое неовластено лице кај чуварската служба во компанијата.
Дополнителен совет за корисниците на лаптоп компјутери
- Вработените треба да ги носат постојано со себе лаптопите и мобилните уреди. Доколку се остават без надзор, на пример во хотелска соба или на состанок – сокријте ги или заклучете ги.
- Задолжително носете ги лаптопот или мобилниот уред во ташна при авионски или друг вид на превоз.
- При патувања никогаш не ги оставајте на седиште.
- Ташните за пренос треба да се обложени во внатрешноста. Многу лаптопи се оштетени само заради пренос во несоодветна чанта.
Сервери и ИТ инфраструктура
- Чувајте ги серверите и мрежната опрема во посебни заклучени простории со контрола на пристап.
- Серверските и мрежните ормари задолжително да се заклучени со посебни брави и клучеви.
- Оневозможете ги мрежните порти на свичевите што не се користат.
- Имплементирајте соодветни системи за дојава и заштита од пожар, поплава и електрично оштетување, како и соодветен систем за климатизација на серверската соба.
Архивски хартиени записи
- Користете заклучени ормари.
- Воведете политика за уништување на непотребната хартија.
- Користете политика за „чисто-биро“ со што вработените ќе ги заклучуваат осетливите податоци кога не ги користат.
- Обучете ги вработените при печатење, веднаш да ги превземаат печатените документи од печатарот. Доколку можете, ограничете го печатењето преку лозинка за секој вработен.
Украдена или изгубена опрема
- Доколку на украдениот или изгубен лаптоп или мобилен имате запишано лизнинки во датотека, веднаш променете ги сите.
- Задолжително известете ја полицијата за кражбата.
Ограничете го влијанието на кражбата или губитокот на опрема и податоци
- Евидентирајте ги сериските броеви на сите ИТ уреди што ги користиите и во случај на кражба наведете ги во полицискиот записник.
- Никогаш не ги запишувајте лозинките на компјутер
- Осигурете ја компјутеркста опрема од кражба и оштетување
- Направете бекап заштитна копија од податоците и соодветно чувајте ја истата.