Енкриптирајте ги податоците


        Добро e да се знае…

    check alt
    Користете енкрипција за да ја зачувате довербата во Вашата компанија
     
    check alt
    При енкрипција кога се користат повеќе битови, енкрипцијата е посилна
     
    check alt
    Секогаш кога електронски пренесувате осетливи информации користете енкрипција
     

Енкриптирање на е-меил пораки, фајлови и дата сториџ спречува неовластени лица да пристапат до нив. Енкрипцијата обезбедува заштита од нарушување на доверливоста на компаниите и личните податоци.

Како функционира енкрипцијата

Постојат голем бројна расположиви методи и алатки, кои се базираат на клуч за енкрипција и декрипција и се поврзани едни со други. Информациите (обичниот текст) се енкриптира користејќи алгоритам (математичка формула) со употреба на код кој спречува текстот да биде прочитан од страна на некој кој не е овластен да го направи тоа.

Енкрипција и декрипција се прави со користење на софтвер кој се инсталира на компјутерот каде што се наоѓаат датотеките или се испраќаат и читаат пораки со клуч за енкрипција и декрипција. Некои методи на енкрипција обезбедуваат повисоко ниво на заштита од другите, а нивото на заштита кое се користи обично зависи од доверливоста на податоците кои се енкриптираат. Општо правило е: што повеќе битови се користат, енкрипцијата е посилна. Тоа значи дека 128-битна енкрипција е посилна од 64-битна.

Користењето на техниките за енкрипција, исто такацможе да се користат за да се потврди изворот на е-маил пораката и интегритетот на нејзината содржина.

Енкрипција исто така се користи за веб-сајтови за e-трговија, за безбедност при безжично вмрежување и далечински пристап, за да се спречи прислушување и измама.

Користење и изборна енкрипција

Употребата на софтвер за енкрипција генерално е брзо и лесно. Имплементацијата на софтвер за енкрипција, сепак, може да биде технички предизвик во зависност од вашата ИТ инфраструктура и самиот софтвер. Треба да внимавате да изберете софтвер за енкрипција според вашите специфични потреби и нивото на ризик. Можеби ќе имате потреба да се консултирате со фирми за ИТ поддршка или консултант за безбедност.

Previous Заштитете ги Вашите вработени

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.