Заштитете го Вашиот веб сајт


 

        Добро e да се знае…

    check alt
    Редовно ажурирајте го софтверот на серверот на кој Ви е поставен веб сајтот
     
    check alt
    Инсталирајте софтвер за заштита од напади и штетен софтвер
     
    check alt
    Периодично проверувајте ја сигурноста на Вашиот веб сајт
     

Без разлика дали го користите веб сајтот за продажба или за маркетинг, неопходно е да го заштитите од напади од хакери и од технички падови на системот. Последиците од недоволна заштита на Вашиот веб сајт може да вклучат губиток на профит и штета по репутацијата на компанијата.

Ризици

  • Кражба на информации за Вашите клиенти и информации за нивни кредитни картички.
  • Криминални напади со одбивање на услуга и промена на визуелниот идентитет на сајтот, најчесто со цел изнуда на пари.
  • Штета по репутацијата на компанијата.
  • Недостапност на сајтот заради инфраструктурни и струјни откажувања и прекини. 

Заштитете го Вашиот веб сајт

Доколку самите го хостирате сајтот и не користите услуга од хостинг-компанија, проверете дали хардверот и софтверот што се користи за хостирање се сигурни:

  • Користете најнови верзии на апликацискиот и системскиот софтвер.
  • Користете силни, заштитени лозинки. Не оставајте ниту една лозинка на почетна вредност.
  • Осигурајте се дека серверот е заштитен со ефективен заштитен ѕид и антивирус/антиспајвер софтвер.
  • Вршете надзор над лог-фајловите за можни упади.
  • Никогаш не ги запишувајте клиентските информации и информациите за нивните кредитни картички на јавно достапен сервер.
  • Користете SSL за сигурна комуникација и чувајте ги овие податоци на заштитено место.
  • Доколку сте во можност, ангажирајте надворешна фирма за периодична проверка на сигурноста на веб сајтот преку т.н. пенетрциско тестирање.

Доколку користите услуга за хостирање на вашиот веб сајт од друга компанија:

  • Проверете ги нивните политики за сигурност и време на достапност.
  • Проверете дали Договорот за ниво на услуга ги задоволува вашите побарувања. 
  • Доколку сте во можност, ангажирајте надворешна фирма за периодична проверка на сигурноста на веб сајтот преку пенетрциско тестирање.
Previous Користење на лични уреди на работното место

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.