Добро e да се знае…
Енкриптирање на е-меил пораки, фајлови и дата сториџ спречува неовластени лица да пристапат до нив. Енкрипцијата обезбедува заштита од нарушување на доверливоста на компаниите и личните податоци.
Како функционира енкрипцијата
Постојат голем бројна расположиви методи и алатки, кои се базираат на клуч за енкрипција и декрипција и се поврзани едни со други. Информациите (обичниот текст) се енкриптира користејќи алгоритам (математичка формула) со употреба на код кој спречува текстот да биде прочитан од страна на некој кој не е овластен да го направи тоа.
Енкрипција и декрипција се прави со користење на софтвер кој се инсталира на компјутерот каде што се наоѓаат датотеките или се испраќаат и читаат пораки со клуч за енкрипција и декрипција. Некои методи на енкрипција обезбедуваат повисоко ниво на заштита од другите, а нивото на заштита кое се користи обично зависи од доверливоста на податоците кои се енкриптираат. Општо правило е: што повеќе битови се користат, енкрипцијата е посилна. Тоа значи дека 128-битна енкрипција е посилна од 64-битна.
Користењето на техниките за енкрипција, исто такацможе да се користат за да се потврди изворот на е-маил пораката и интегритетот на нејзината содржина.
Енкрипција исто така се користи за веб-сајтови за e-трговија, за безбедност при безжично вмрежување и далечински пристап, за да се спречи прислушување и измама.
Користење и изборна енкрипција
Употребата на софтвер за енкрипција генерално е брзо и лесно. Имплементацијата на софтвер за енкрипција, сепак, може да биде технички предизвик во зависност од вашата ИТ инфраструктура и самиот софтвер. Треба да внимавате да изберете софтвер за енкрипција според вашите специфични потреби и нивото на ризик. Можеби ќе имате потреба да се консултирате со фирми за ИТ поддршка или консултант за безбедност.