Добро e да се знае…
Зошто треба да се заштитат безжичните мрежи?
Безжичните мрежи, кои се познати и како Wi-Fi или 802.11 мрежи, им овозможуваат на компјутерите да комуницираат меѓусебно со користење на радио врска слично на безжичните телефони.
Како и секоја радио трансмисија, секој уред во опсегот може да го прими сигналот или да испраќа сигнали на истата фреквенција. Ова значи дека безжичните комуникации имаат ризик од:
- Прислушување – слушање на информации при нивен пренос низ етерот. Ова значи дека информациите што се пренесуваат преку безжичната мрежа мора да бидат шифрирани/енкриптирани.
- Хакирање – секој уред во опсегот на безжичната мрежа може да се поврзе на мрежата. Ова значи дека пристапот до мрежата мора да биде ограничен на доверливи корисници и компјутери.
- Неовластено користење – кога се користи безжична мрежа за споделување на широкопојасна Интернет конекција, постои ризик дека неовластени корисници ќе ја користат Вашата конекција без дозвола.
Проблемот е што добар дел од безжичната мрежна опрема, кога ќе ја купите, не е заштитена од овие закани, со цел да биде полесна за поставување. Ова значи дека опремата треба самите да ја исконфигурирате за безжичната мрежа да биде безбедна.
Како да ја заштитите безжичната мрежа?
Иако Wi-Fi стандардите дефинираат заштита како што се шифрирање/енкрипција и контрола на пристап, начинот на кој се подесуваат зависи од производител до производител. Ова значи дека може да се каже само што треба да се направи, но не и како да се направи. Значи, вие ќе мора да ги сетирате безбедносните параметри соодветно на документацијата што сте ја добиле со Вашата опрема.
- Користете шифрирање. WPA или WPA2 се најдобри. Доколку не постои можност (имате постари точки на пристап и мрежни картички), користете WEP.
- Користете силни лозинки за безжичните пристапни точки за да можете да го контролирате администраторскиот пристап.
Исто така, земете го во предвид следново:
- Користете пристапни точки место ad-hoc мрежи. Пристапните точки ви овозможуваат поголема контрола над пристапот и користењето на безжичната мрежа.
- Осигурете се дека секој компјутер на мрежата има инсталиран и активен заштитен ѕид.
- Користете ги јавните пристапни точки со внимание.
Ако Вашата пристапна точка Ви дозволува, ограничете го безжичниот пристап да биде дозволен само во одреден дел од денот кога најверојатно ќе го користите.
