Прифаќање на Услови и правила


prifakanje na uslovi i pravila

        Добро e да се знае…

    check alt
    Внимателно прочитајте ги Условите и Правилата пред да ги прифатите.
     

Кога користите интернет, многу често од вас се бара најпрво да прифатите Услови и правила (Terms and Conditions) пред да продолжите со онлајн купување, банкарство или превземање на датотеки.

Прифаќањето на Условите и правилата значи дека најпрво сте ги прочитале. Повеќето од нас не го прават тоа, најчесто бидејќи текстот е премногу долг, или претпоставуваат дека овие услови се легитимни.

Важно е да се знае дека прифаќањето на Условите и правилата е всушност правно-обврзувачи договор, па затоа во Ваш интерес е да ги имате прочитано и да сте запознаени со нив. На овој начин ќе се осигурате дека понатамошното користење на овие услуги ви одговара, т.е. е во согласност со вашите интереси и правилата на понудувачот на услугите.

 

Previous Бесплатни безбедносни проверки

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.