Користете силни лозинки


koristete silni lozinki1

        Добро e да се знае…

    check alt
    Лозинката не треба да биде збор.
     
    check alt
    Подолгите лозинки потешко се погодуваат и пробиваат, затоа треба да биде долга барем седум карактери.
     
    check alt
    Силна лозинка треба да содржи комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци (` ~ ! @ # $ % ^ & * ( ) _ + – = { } | [ ] \ : ” ; ‘ < > ? , . /).
     
    check alt
    За секој интернет сервис, користете различна лозинка.
     
    check alt
    Лозинката треба да се менува често.
     

Вашата лозинка претставува клуч за Вашата сигурност на Интернет

Не им олеснувајте на хакерите да ви ја погодат лозинката. Користете силни лозинки.

Ризици

И најдобрата безбедност во светот е бескорисна ако лицето кое сака да нанесе штета има легитимно корисничко име и лозинка. Таквото лице може да направи се што можете и вие да направите.

  • Лозинките на некои луѓе можат многу лесно да се погодат, на пр. лозинката „password“
  • Некои луѓе користат обични зборови, кои можат да се погодат со хакерска програма. Хакерските програми се обидуваат да ја погодат лозинката со проверка на секој збор од речник.
  • Ако користите иста лозинка за секоја веб страна, хакерот треба да ја пронајде Вашата лозинка еднаш и има пристап секаде.

Користете силни лозинки

Добра лозинка:

  • Не треба да биде збор.
  • Треба да биде долга барем седум карактери. Подолгите лозинки потешко се погодуваат и пробиваат.
  • Не треба да го содржи Вашето корисничко име, Вашето вистинско име или името на компанијата во која работите.
  • Треба да биде комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци (` ~ ! @ # $ % ^ & * ( ) _ + – = { } | [ ] \ : ” ; ‘ < > ? , . /).
  • Доколку патувате, треба да бидете свесни дека некои од специјалните знаци не можат да се внесат на странски тастатури.
  • Треба да се менува често.

Не користете слаби лозинки

Избегнувајте слаби лозинки. Ова значи дека не смее:

  • воопшто да не се користи лозинка,
  • да се користат вообичаени зборови од речник,
  • да се користи нешто што е лесно да се погоди и се однесува на Вас. На пример: омилен фудбалски тим, роденден, име на сопруг/сопруга и.т.н.,
  • да се употребува најчесто користената лозинка „Password“,
  • лозинката да не ја промените неколку месеци.

Грижете се за Вашите лозинки

  • Никогаш никому не ја давајте Вашата лозинка.
  • Никогаш не ја внесувајте Вашата лозинка кога некој може да види што пишувате.
  • Користете различни лозинки за различни сервиси, особено користете различна лозинка за секоја банкарска веб-страница.
  • Редовно менувајте ги лозинките.
  • Не додавајте карактери на старите лозинки (пр. password2, passeord3).
  • Не ги запишувајте лозинките. Наместо тоа, најдете начин за да ги запамтите. На пример, направете лозинка од првите букви на секој збор од некоја позната фраза или заменете ги броевите со букви (на пример: 5 со s, 3 со е).
  • Никогаш не ја праќајте Вашата лозинка преку е-меил. Ниту една реномирана фирма нема да го побара тоа од Вас.
  • Ако мислите дека некој ја знае Вашата лозинка, сменете ја веднаш.

Дознајте повеќе за:

Previous Вашата приватност на интернет

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.