Услови и права за користење на мобилна апликација „АЕК Именик“
АЕК Именик е апликација која на корисникот му овозможува информација за операторите во чија мрежа се наоѓаат мобилни и фиксни телефонски броеви запишани во именикот на мобилниот телефон. Сите информации се исклучиво од информативен карактер.
За проверка на телефонски броеви мобилната апликација побарува активна интернет конекција на мобилниот телефон и користи заштитен веб сервис на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК за проверка на пренесеност на броеви.
За сите прашања во врска со мобилната апликација АЕК Именик kонтактирајте не на следната адреса за електронска пошта: mobile.apps@aec.mk.
Мобилната апликација АЕК именик им овозможува на корисниците да ги проверат броевите на контактите запишани во мобилниот телефон. При тоа контактите се запишуваат во нов именик каде секој број е дополнет со информација за операторот во чија мрежа е бројот во моментот на проверка. За проверка на именикот на корисникот апликацијата непревзема и не пренесува лични податоци од корисникот. За проверка на броевите на контактите од именикот на корисникот апликацијата користи активна интернет конекција и заштитен веб сервис. При тоа, до сервисот не се испраќаат лични податоци за корисникот. Корисникот по своја иницијатива ги испраќа телефонските броеви без назив, име или контакт информации за секој од броевите до сервисот. Сервисот не ги запишува на сервер на АЕК информациите за проверените броеви. Сервисот до мобилната апликација враќа информација за оператор во чија мрежа е секој од испратените броеви. Од мобилната апликација корисникот може директно да повика број и/или испрати SMS Порака.
Мобилната апликација АЕК Именик овозможува проверка на еден број што корисникот го внесува во полето за внес на телефонски број. Апликацијата врши проверка на бројот преку активна интернет конекција и заштитен веб сервис на АЕК и враќа информација за операторот во чија мрежа се наоѓа брoјот во моментот на проверка. Корисникот по своја иницијатива го испраќа телефонскиот број без назив, име или контакт информации до сервисот. Сервисот не го запишува на сервер на АЕК проверениот број. По извршената проверка корисникот може директно да го повика бројот и/или испрати SMS порака.
2.ЗА УСЛУГАТА ПРЕНОСЛИВОСТ НА БРОЕВИ
Корисниците на мобилна и фиксна телефонија го избираат најдобриот оператор според своите лични потреби, убедувања и навики на користење. Доколку корисникот реши да го промени операторот, тој може да го стори тоа на едноставен начин без да се откаже од телефонскиот број што дотогаш го користел. Со задржување на телефонскиот број и префиксот корисникот заштедува на трошоци за информирање на своите контакти за промена на бројот. Агенцијата за електронски комуникации им овозможува на корисниците да го пренесат својот број кај операторот чии услуги сакаат да ги користат. За условите за пренесување на број корисникот се информира кај новиот оператор чии услуги сака да ги користи. Преку мобилната апликација АЕК Именик и веб страната www.komuniciraj.mk корисникот може да дознае кај кој оператор се наоѓа еден телефонски број.
Агенцијата не сноси одговорност за било каква штета настаната кај корисниците со користењето на овие информации. Ова исклучување од одговорност на Агенцијата се однесува на содржината, авторските права и политиката на приватност на надворешните интернет страни кои ги пренасочиле корисниците до оваа веб-страна и/или мобилна апликација, како и веб-страни кои ги пренасочуваат корисниците до други веб страни за кои Агенцијата не одговара.
Информациите, содржините, графичките слики, текстот, сликите, трговските марки и логоа објавени се заштитени со Законот за авторското право и сродните права, Закон за индустриска сопственост, Законот за царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост и други закони со кои се регулираат вакви и сродни права, и не смеат да се користат во маркетинг цели. Прибирањето на сите податоци е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците, одржување на содржината и функционалноста на Komuniciraj.mk како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Агенцијата ги користи информациите за некомерцијални цели. Со користење поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини, а за нивна понатамошна употреба мора да се усогласите со носителите на правата.
Агенцијата го задржува правото на промена во било кое време на општите услови на начин што ќе ги објави на веб страната. Продолжувајќи со користење, според објавените промени, и давање на согласност од ваша страна, се смета на вашата согласност и на Општите Услови објавени со сите промени.
Исклучива надлежност за решавање на споровите во рамките на овие Услови и правила имаат судовите во Република Македонија.
Ако било кој дел од овие Услови се покаже како незаконски, неважечки или неприменувачки, истите тие ќе бидат избришани, а останатите услови ќе останат непроменети и ќе продолжат да важат полноправно, и ќе продолжат да бидат обврзувачки и применливи.