Роаминг


roamingКАКО ДА СЕ НАМАЛАТ ВИСОКИТЕ РОАМИНГ СМЕТКИ?
1. Задожително информирај се кај твојот оператор (веб страна, котакт центар или лично во салон) за интернет пакетите што ги нудат, за цените на услугите на нивните роаминг партнери, начин на тарифирање итн.
2. Информирај се кај твојата туристичка агенција за дестинацијата на која планираш да патуваш, каква е wi-fi покриеноста, квалитетот на услугата, дали е бесплатна или се плаќа.
3. Откако ќе се информираш, ти решаваш за начинот за користење на твојот мобилен телефон. Размисли дали ти треба само да примаш и да одговараш на повици; дали ти треба во реално време да користиш мапи или GPS; дали ти треба интернет пристап веднаш или може да почекаш додека да најдеш бесплатен wi-fi пристап. 

ПРЕГЛЕД НА РОАМИНГ ЗА ТВОЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА ПОГЛЕДНИ ТУКА

МЕЃУНАРОДНИОТ РОАМИНГ ПОНЕКОГАШ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЧИНА ЗА МНОГУ ВИСОКИ СМЕТКИ. КОГА СЕ ВКЛУЧУВА РОАМИНГ?

Со јавување или примање телефонски повици, со испраќање или примање на смс пораки, со симнување или испраќање на било која интернет содржина (како што се мејлови или пристап до веб страници). Роамингот може да се вклучи дури и ако си на територија на РМ, посебно во пограничните области заради конфигурација на теренот како и заради непокривањето со сигнал од страна на твојот оператор. Кога си во странство, роамингот може да се активира дури и кога не одговараш на повикот. Постои можност повикот да оди на твојата говорна пошта и ќе се наплаќа како меѓународен роаминг.

НАЈГОЛЕМИТЕ ТРОШОЦИ ПРИ РОАМИНГ СЕ ПРАВАТ СО:

• Читање, праќање и примање e-mail

• Веб пребарување

• Посета на било која веб страница

• Гледање онлајн видео

• Отворање на апликација, што се поврзува на Интернет.

Последното најчесто не им е познато на корисниците, затоа што работи во позадина. Единствениот начин да се контролира е да се влезе во сетирањето на апликацијата и да се провери дали истата е сетирана за автоматски интернет пристап. Сопствениците на смарт телефоните особено треба да бидат претпазливи при патување во странство бидејќи многу апликации автоматски се приклучуваат на интернет и работат во позадина, без знаење на сопственикот.

ЗОШТО ДОАЃА ДО ГОЛЕМИ ТРОШОЦИ ПРИ РОАМИНГ?

Кога користиш интернет на твојот смарт телефон во странство, цената е врз основа на обемот на податоци. Се мери во килобајти (KB) или мегабајти (MB), А ваквата потрошувачка корисникот тешко може да ја прати и контролира. Од друга страна кај различни оператори има различно заокружување на сообраќајот (некогаш неколку десетици kB дури и на 1МB) Проверката за состојбата на сметката кај твојот оператор во овој случај не важи; тие немаат податоци во реално време, бидејќи сообраќајот е остварен кај нивниот роаминг партнер кој може да ја испорача сметката со задоцнување и до 60 дена.

 

 


Previous Е- приговор

Komuniciraj.mk е веб страна на Агенцијата за електронски комуникации наменета за крајните корисници, на која што може да се најдат сите корисни информации во врска со телевизија, телефонија и интернет.

Корисни линкови

Контакт

Кеј Димитар Влахов бр. 21
1000 Скопје.

Кomuniciraj.mk | Сите права се заштитени.